Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“.
Втората награда ја доби новинарката Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“, објавен на ТВ Телма, кој претставува филмувана верзија на серијалот ТВ-прилози за случајот со малата Тамара Димовска, девојчето кое беше болно од сколиоза, а почина чекајќи ги институциите да и’ одобрат лекување во странство.
Фотогалерија
Третата наградата ја делат новинарот Џелал Незири од СКУП Македонија за сторијата „Во токсичното кралство на Југохром“ и новинарите Горан Ризаов, Сашка Цветковска и Борјан Јовановски за серијалот текстови за „Аферата Телеком“, објавени на веб-страницата Новатв.
Годинешната жири-комисија одлучи да им додели пофалници за истакнат новинарски ангажман на новинарите Сашка Цветковска и Владо Апостолов за сторијата на тема „Русинот Самсоненко во приказната – Инвест ин Маседониа виа Белизе“, Петар Клинчарски за сторијата на тема „Набавка на кинеските палми во Македонија“, објавена во емисијата „КОД“ на ТВ Телма и на Сузана Мицева за серијалот ТВ-прилози на тема „Мигрантската голгота низ Македонија“, објавени на ТВ Телма.
Оваа година, МИМ по 15-ти јубилеен пат ја додели наградата за најдобра истражувачка сторија на годината, како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.
Деталниот извештај на комисијата која ги разгледуваше пријавените стории е достапен овде.
Линковите од наградените стории се прикачени во продолжение:
1. Скопје 2014 под лупа (дата база на податоци)
Серијал текстови поврзани со Скопје 2014
2. Документарен филм „Кога здравствениот систем убива дете“
3. Во токсичното кралство на Југохром
Серијало текстови за „Аферата Телеком“:
Доказите за „Телеком“ под тепихот на обвинителството
Истрага „Телеком“: Дивидендата под сомнеж дека служела за поткуп
Истрага „Телеком“: Договорот со Аналитико како „респект“ за ВМРО-ДПМНЕ
Обвинителот во САД го покрена обвинението според сведочењето на Богоевски
Почеток на крајот – уништување на доказите во случајот Телеком
Каде завршија останатите 20 милиони евра од аферата „Телеком“
Властите ги игнорирале барањата за сведоци во аферата „Телеком“
Афера „Телеком“: Сведоците ги откриваат тајните
Афера Телеком: “Ненормална ситуација бара ненормална дискреција”
Пофалници:
Самсоненко во приказната – Инвест ин Маседониа виа Белизе
Набавка на кинеските палми во Македонија
„Мигрантската голгота низ Македонија“