Статии напишани од Администратор:

  • Невладините бараат итен избор во државните институции

    Десет мрежи на невладини организации, денеска, на прес конференција повикаа на итен избор и именување на кадри во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, Советот...
  • Една третина од градоначалниците се газди или шефови на здруженија

    Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Како и пратениците, за кои претходно пишуваше СКУП, така и градоначалниците се јавуваат како сопственици и овластени лица во разни друштва, здруженија и спортски клубови. Ако имињата на пратениците ги сретнавме во сопствеништва на здравствени установи, здруженија на граѓани, друштва за градежништво и инженеринг и слично, градоначалниците најмногу доминираат во друштвата за производство, трговија и услуги, но, не изоставуваат и спортските клубови. Градоначалници...
  • КАЗНА ЗА „ЕКОЦЕНТАР 97“, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КАКВА

    Автор: Љубица Иванова Директорот на Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС), Фејзула Спахија, во телефонски разговор за СКУП ни откри дека следува казна за фирмата „Екоцентар 97“. „Санкции за Екоцентар 97 ќе има“, изјави тој. Најавената казна е заради хаваријата која се случи во почетокот на месецот фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Имено, при миење на резервоар, во кој имало остатоци...
  • ПЕП ИСТРАЖУВАЊЕ: КОЛКУ БОГАТИ НИ СЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ?

    Градоначалниците со плати од 1.000 евра успеваат да ги подмират кредитите, да подигнат нови, но и да купат автомобили и земјишта Исмаил Јахоски пријавил сума од 69 илјади евра стекната „на друг начин“, а првиот човек на Скопје, Шилегов ланската година во мај пријавил куќа и земјиште Теута Арифи во 2018-та пријавила девизен орочен штеден влог во висина од 15 илјади евра, за кој изјавила дека го стекнала со...
  • Потпишан меморандум за соработка меѓу СКУП и ДКСК

    Денеска во просториите на Државната комисија за спречувања и корупција беше потпишан меморандум помеѓу Државната комисија за спречување корупцијата и Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.  Меморандумот за соработка е потпишан со цел спроведување на активности заради воспоставување на активна соработка, размена на информации и креирање на заеднички и индивидуални активности и проекти, а во врска со транспарентноста и отчетноста на институциите како и носителите на јавни функции во државата. Во името на...
  • ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“ финансиран од Европската Унија

    Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар, во рамките на заедничкиот проект „Заедно во борба против корупција“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова...
  • Повик за истражувачки стории

    Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА.  Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области од следниве поттеми: Појавни облици на случаи на корупција (индиции за нерационално трошење на...
  • ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ „ТЕЖАТ“ 30 МИЛИОНИ ЕВРА

    На прво место се наоѓа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за потоа да следат Николчо Илиев – прв човек на Кочани, Исен Шабани на Врапчиште, Албон Џемаили на Боговиње, Петре Шилегов на Град Скопје, Арбен Таравари на Гостивар, Константин Георгиески на Охрид, Герасим Конзулов на Радовиш, Никола Андонов на Ново Село и Александар Наумоски на Ѓорче Петров.