Статии напишани од СКУП Македонија:

  • Четиринаесет организации ќе ја набљудуваат работата на општините

    Четиринаесет граѓански организации денеска потпишаа договори за грантови во рамки на проект финансиран од Европската унија, преку кој ќе се утврдуваат стандарди за добро управување во локалните самоуправи врз основа на т.н сигма принципи за јавна администрација. Проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување вредности на добро управување“ го спроведува Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА -2000 и Центарот за...
  • Може владини пари за граѓанскиот сектор, но под јасни услови

    автор: Горан Теменугов Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика...
  • РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (ВТОР ДЕЛ): КАФЕАНСКИТЕ ФАКТУРИ СЕ КРИЈАТ КАКО ДА СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

    автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска (овде може да го прочитате првиот дел) Трагајќи по вистинската слика за тоа како рационално и дали и во корист на граѓаните се однесува општинската бироктратија, новинарскиот истражувачки тим на СКУП посети повеќе општини. Преку Законот за слободен пристап до информации, се обрати до сите 82 општини. Од повеќето од нив доби податоци и документи за тоа како и на што градоначалниците...
  • Репрезентација: Празни дупки за полни стомаци

    ДОКУМЕНТАЦИЈА автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска Педесет парчиња јагнешко ги чинело 17.500 денари, 30 парчиња сирење – 7.500 денари а десет килограми кашкавал 3.880 денари. Вкупно 30.324 денари, или 500 евра платила општина Охрид на фирмата „Кам импекс“ за недефинирана „угостителска“ услуга.     Но, ова не е рекордот на охридската администрација. Некој оттаму во еден ден ставил потпис на фактура за потрошени 41.580 денари или околу...
  • БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ЖРТВИ НА БЕЗУМНИТЕ ЛУЃЕ – ИНСТИТУЦИИТЕ „МРТВИ“

    Автори:  Евгенија Јанакиеска и Никола Рашо Радулов     Во услови кога институциите не водат грижа за бездомните кучиња, целиот проблем е оставен во рацете на невладините организации за заштита на правата на животните. Новинарката Мери Јордановска е една од првите активисти во Македонија, која се бори за подобар третман на институциите и луѓето кон животните.   „ Само граѓаните и оние кои не ги сакаат животните и оние...
  • Царовска: Се делеле хонорари на вработени од 50 илјади денари

    разговарал: Никола Рашо Радулов      Во каква состојба го затекнавте Министерството за труд и социјална политика откако стапивте на функција? Како и во сите други сектори, така и во овој со кој што раководам затекнавме многу неправилности и злоупотреба на средства.  Лично бев запрепастена  од високите хонорари што ги примале вработените во Министерството, преку учества во разни комисии и работни групи (комисија за лиценцирање, комисија за посвојување, работни...
  • Ракот најмногу убива во Свети Николе

    автор: Горан Лефков   Свети Николе е еден од рекордерите според бројот на регистрирани случаи на рак на дојка. Изминатата година дури 40% од сите случаи на рак на дојка во Вардарскиот регион се регистрирани во Овчеполијата. Според податоците кои ги добивме од Центарот за јавно здравје во Велес, користејќи го законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, малото овчеполско гратче минатата година имало 20  случаи на...
  • Самохраните родители живеат со 25 денари на ден

    Евгенија Јанакиеска Рашо Радулов   „Мојата ќерка се вика Сена. Живее со мене. Веќе една година сум без работа, а од државата не добивам ни пет денари. Се обидував цела година, одев постојано да молам по институциите за да ми помогне некако државата. Нема  каде не одев. Работев во една приватна болница пет години. Ме избркаа бидејќи моето малолетно дете кога беше многу болно немаше кој да го чува. Се обратив...