ИНТЕРВЈУ / Ѕвездан Георгиевски: ВИ е корисна алатка, но мрзеливоста го „убива“ новинарскиот стил

Вештачката интелигенција може за неколку секунди да му заврши на новинарот работа за која претходно биле потребни денови, но некритичкото преземање на нејзините содржини може да ги „убие“ новинарскиот стил и љубопитноста, оценува истакнатиот македонски новинар, уредник, и колумнист Ѕвездан Георгиевски. Во интервју за СКУП, Георгиевски вели дека ВИ ја користи во својата работа и ја смета за напредна и корисна алатка, но предупредува дека нејзините одговори мора задолжително...

ИНТЕРВЈУ / Даниела Трпчевска: ВИ може да биде асистент, но уредувачката одлука мора да остане кај новинарот

Вештачката интелигенција може значително да го забрза производството на медиумски содржини, но технологијата не може да ги замени клучните вредности на професионалното новинарство – човечката емпатија, проверката на фактите на терен, критичкото интервју и длабинската анализа на општествените проблеми, оценува новинарката Даниела Трпчевска. Во интервју за СКУП, Трпчевска посочува дека иднината на македонските медиуми ќе зависи од нивната способност паметно да ги прифатат новите технологии, без притоа да ги...

Милиони за истите грешки: Како институциите го празнат буџетот со изгубени спорови

Државните институции во Северна Македонија исплатиле најмалку 3,97 милијарди денари, или околу 64,6 милиони евра, поради работни спорови во периодот од 2020 до 2025 година. Речиси половина од сметката не била основен долг кон вработените, туку камати, судски и извршни трошоци, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија. Основниот долг изнесувал 2,05 милијарди денари. Дополнителните трошоци достигнале уште 1,92 милијарди денари, или околу 31,3 милиони евра. Тоа значи дека...

ОДИХР предупредува со години, ДКСК сега ги покажува бројките: каде пука контролата на изборните милиони?

Четири коалиции искористиле 95,5 отсто од пријавените пари за политичко рекламирање, повеќе од половината изборни учесници не доставиле конечен финансиски извештај до ДКСК, а ОБСЕ/ОДИХР со години предупредува дека системот на државно финансирање ги фаворизира големите партии и нема доволно силен надзор. Изборната реформа повторно е отворена, но клучното прашање е дали овојпат ќе стигне до парите. Државата ги обезбедува парите, политичките партии одлучуваат во кои медиуми ќе ги...

ВИ веќе може сама да хакира: Gemini влегол во системи на три реални компании

Моделот за вештачка интелигенција Gemini на Google самостојно успеал да добие неовластен пристап до системи на три компании за време на тестирање на неговите способности за сајбер-безбедност, во случај што повторно ја отвора дебатата за тоа колку автономија треба да им се дозволи на најмоќните ВИ-системи. Инцидентите се случиле во мај за време на тест спроведен од независна компанија за процена на сајбер-безбедноста, а Google потврдил дека погодените компании...

Десет дена што ја потресоа ВИ-индустријата

Со години трката за вештачка интелигенција се водеше според старото правило на Силиконската долина – движи се брзо, објавувај помоќни модели и не дозволувај конкурентот да те престигне. Потоа дојдоа десет дена во септември. Истражувач даде отказ предупредувајќи дека компаниите „се коцкаат со нашите животи“. Вработени во водечките лаборатории приватно почнале да се прашуваат дали воопшто можат да ги надгледуваат системите што ги создаваат. Компаниите признаа дека нивни ВИ-агенти...

Ќе нè убие ли ВИ? Луѓето што ја создаваат имаат изненадувачки различен одговор

Предупредувањата дека неконтролирана вештачка интелигенција еден ден би можела да го загрози опстанокот на човештвото повторно ја потресуваат технолошката индустрија, но дел од луѓето кои работат на најмоќните ВИ-системи се скептични дека постојат доволно докази за такво сценарио. Вработени и поранешни вработени во компании како OpenAI, Meta и Google DeepMind за Би-Би-Си велат дека аргументите за можно истребување на човештвото често се премногу хипотетички и се потпираат на технологии...

Крај на јазичните бариери? DeepL преведува во живо и го задржува вашиот глас

Германската компанија за вештачка интелигенција DeepL воведува технологија која во реално време може да го преведува говорот на друг јазик, задржувајќи ги карактеристиките на гласот на говорникот, вклучително тонот, брзината и емоционалниот израз. Со проширувањето на DeepL Voice, компанијата влегува во директна трка со Google, Microsoft и OpenAI за една од најамбициозните примени на генеративната вештачка интелигенција – разговор меѓу луѓе кои зборуваат различни јазици без традиционален преведувач. Новата...