Загадување: Кампањите 10 пати поскапи од мерните станици
Прилеп, Штип и Свети Николе не издвоиле средства за справување со аерозагадувањето Автор: Јасминка Стојановска Град Скопје за последниве три години потрошил најмалку 10 пати повеќе пари на кампањи, елаборати и истражувања во врска со загадувањето на животната средина отколку што државава потрошила за набавка на инструменти за мерните станици кои ја мерат загаденоста на воздухот низ целата нејзина територија. Само во 2019 година, скопските власти издвоиле досега рекордна... 










