Регионална анкета: Свиркачите најнепопуларни во Македонија

СКУП Македонија дел од Коалицијата за заштита на свиркачите на Југоисточна Европа. Минатата година во март во Скопје, СКУП го организираше првиот меѓународен ден на свиркачите и работи на подигање на јавната свест за придобивките од заштитата на овие граѓани, кои се осмелуваат да пријават корупција.   Анкетата за перцепцијата на јавноста за укажувањето во Македонија беше спроведена од страна на Советот за регионална соработка во 2017 година. Репрезентативен...

СКУП на Националниот форум на Цивика Мобилитас

“Во изминатите неколку години можевме да видиме дека организациите на граѓанското општество уживаат поголема доверба кај нивните конституенти, влијанието од нивните акции станува посилно и резултатите од нивните акции многу по одржливи.” – изјави амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, на официјалното отворање на третиот Национален форум кој се одржа во Градскиот парк во Скопје, организиран од Цивика Мобилитас. Свој штанд на Националниот форум...

Невладини организации ќе ги контролираат општините и во Источна Македонија

Ангела Рајчевска   Невладината организација Ехо од Штип и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци ќе го мониторираат работењето на општините во Источниот плански регион. Тие треба да го споредат работењето на локалните самоуправи  во делот на спроведувањето на Сигма стандардите адаптирани на локално ниво за добро управување на општините, поставени од Европската Унија. Овие организации имаат капацитети за спроведување на оваа евалуација смета Ивана Ќуркчиева, од Центарот за управување...

Со бел мантил по белиот свет – тренд на иселување на младите лекари

автор: Жарко Настовски   Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на...

ОРГАНИЗАЦИИТЕ СЕ ЗДОБИВААТ СО ВЕШТИНИ ЗА НАБЛУДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОПШТИНИТЕ

“Стандарди за добро управување во јавната администрација” е втората од седумте дводневни сесии за претставници на НВО од сите региони во Република Македонија. Денеска заврши дводневната работилница во хотелот “Етно село” крај Куманово, каде учесниците на обуката се запознаваа со СИГМА принципите и стратегиските рамки за реформи во јавната администрација, управувањето со кадровските ресурси и со јавните финансии. На уцениците на обуката им беа презентирани и техники, вештини и...

Милиони евра за големи апетити: штеделе на униформи, но не и на ресторани

Автор: Горан Лефков    Немаат опрема, одат во стара униформа, храна која ни од далеку не ги задоволува нивните потреби. Но, затоа нивните претпоставени имаат одврзани раце да се гоштеваат во скапи ресторани со богата трпеза и да трошат вртоглави суми за угостителски услуги и репрезентација. Така за 6 години овие две министерства само за репрезентација потрошиле 2,8 милиони евра, од кои Министерството за внатрешни работи потрошило 1,5 милиони...

Презентирана Платформа за соработка на невладините и медиумите

Потребна е поголема поддршка од донаторите за развој на истражувачкото новинарство и за создавање на што повеќе истражувачки стории. Ова е една од поентите од денешната презентација на Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите, чија содржина е достапна на интернет страницата: www.istrazifakti.mk. На презентацијата се претставија и дел од малите проекти кои беа финансирани во рамките на проектот, меѓу кои и Центарот за истражувачко новинарство...

НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЌЕ БИДАТ ПОПРИСУТНИ ВО МЕДИУМИТЕ

„Стандарди за добро управување во јавната администрација“ е темата на дводневната обука која се одржува во хотел СКАРДУС на Попова Шапка. Обуката е во рамките на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувувањето на вредностите на доброто управување”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП), Агенцијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија. Учесници на...