САХАРА ВО МАКЕДОНИЈА: НЕДОВРШЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА ЕДЕН КОНТРАВЕРЗЕН БИЗНИСМЕН

Автори: Џелал Незири, Жаклина Хаџи-зафирова, Александар Божиновски     Со широка насмевка и преполн со оптимизам, како актер од боливудските филмови, во јуни 2012 година во Македонија дојде Субрата Рој, 66-годишен контроверзен бизнисмен од Индија. Облечен во бела кошула со кратки ракави и со црн јелек, едно помодерно издание на индиската традиционална облека, тој во Македонија беше претставен како спасител на домашната економија.   Се сретна со поголемиот дел...

Работнички трагедии

од Екипата на емисијата КОД Додека неколку работници на кров од монтажен објект во кругот на кумановската компанија Искра менувале плексиглас, Јовица Симоновски со една нога стапнал врз една табла на висина од околу 25 метри. Тој 9-ти јули околу 8 часот наутро, кровната табла попуштила и тој бидејќи не бил осигурен со јаже или со појас паѓа од големата височина. Загинува на лице место. Трудовиот инспектор и полицијата...
Џелал Незири е искусен истражувачки новинар и аналитичар. Тој е претставник на данскиот СКУП проект во Македонија уште од 2008 година,  со задача да ги координира националните и транснационалните истражувачки стории. Во моментот, Незири е коосновач и директор на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија со седиште во Скопје и член на Меѓународниот советодавен одбор на Journalismfund.eu со седиште во Брисел. Контакт: xhelalneziri@gmail.com Жаклина Хаџи-Зафирова е слободен новинар со повеќе...

Зона на економска измама

Со рекорден број на невработени лица, односно повеќе од 30% на национално ниво, Македонија сè уште не изнајде начини за привлекување странски капитал. Технолошките и индустриски развојни зони кои нудат бројни даночни олеснувања заа инвеститорите се дел од стратегијата за брз развој, чија цел е економско заздравување на земјата. Одлуката на Владата од 2007 година за тетовската слободна економска зона ги оживеа надежите за намалување на невработеноста во овој...

ЖИВОТ НА ДИЈАЛИЗА ЗАГОРЧЕН И СО ЖОЛТИЦА

автор: Јасмина Јовановска Бубрежно болни се заразуваат на дијализа со жолтица Ц. Ова го потврдуваат и пациентите и нефролозите, а причината ја лоцираат во неспроведувањето на стандардите за безбедна дијализа во практиката, како и тоа што во државата никој не ја контролира безбедноста на пациентите на дијализа како што треба. Според економските аналитичари, дијализа во супстандардни услови се случува и поради тоа што центрите немаат доволно пари за дијализа,...