Може ли ChatGPT да го замени новинарот? Експертите во Скопје со јасна порака за иднината на медиумите
Вештачката интелигенција може да создава содржини, да анализира големи количества информации и да им помага на новинарите во секојдневната работа, но не смее да се користи како самостоен извор на информации, ниту како замена за професионалната проверка на фактите. Ова е еден од главните заклучоци од тркалезната маса „Етичка употреба на вештачката интелигенција – предизвици и предности“, организирана на 29 септември на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во... 










