Категорија: Тема на Неделата

10 години СКУП Mакедонија

Пишува: Зоран Иванов СКУП го има. Цели 10 години. Успешен е, еве, цела една декада. И тоа само поради неколку „мали“ причини: Поради упорноста и поради проницливоста на Жаклина; Поради мудроста и поради инвентивноста на Џељал; Поради смиреноста и поради кооперативноста на Александар. Но, СКУП го има, и е успешен, еве цела една декада, и поради бројните негови соработници и подржувачи: Поради истражувачкиот новинрски нерв на уредникот Левков. Поради...

ПАРИ ИЛИ ЖИВОТ

Од почетокот на оваа година регистрирани се 5.649 бришења на фирми, но се уште не се знае колку од нив се затворени како последица на корона вирусот. „Пари“, ќе рече либералната филозофија. „Живот“ ќе рече егзистенцијалната филозофија. Можеби вака некако, на овие два спротивставени постулати се „кршат копјата“ на сите влади во сите држави во светот за тоа на што да му даде предност. На животот или на економијата....

Охрид се празни, туристите откажуваат резервации

Ангела Рајчевска Страв и паника меѓу охриѓани по последната серија земјотреси регистрирани во последните 24 часа. Но и кај странските туристи кои ги откажуваат резервациите. Од туристичката агенција Фибула велат дека случувањата со земјотресите не ги одвртиле туристите да го посетат градот, односно, дека до моментов не била откажан ниту еден аранжман. Но, рестораните кои соработуваат со туристичките агенции велат дека во последниве неколку дена им се откажани резервациите...

Шверцерите со бегалци заработија милијарда евра

Балканската рута на шверц повторно има „роба“ за шверцување. Овој пат тоа се луѓето од Сирија. За ветената Германија, сириските бегалци, само од почетокот на годината, на турските шверцери им имаат платено од половина до една милијарда евра. Ахмед Келани, учител од Сирија за трансферот на неговото семејство преку Турција платил по 700 долари по човек. „Платив 5.600 евра за моето семејство од 6 членови, од кои и две...

Лојане повеќе не е мека на шверцерите со луѓе

Во Куманово состојбата беше порелаксирана. Застанавме прво на железничката станица. Вработен во Македонски Железници, по име Виктор не информираше до каде е возот и дека за половина час ќе биде во Куманово, а за околу 40 минути на граничниот премин Табановце. Се упативме за Табановце со автомобил. Додека ја поминавме задолжителната процедура за проверка на документите и дозволата за снимање, возот веќе беше на граничната територија. Во Табановце хуманитарците...

По патот на мигрантите: Германија виа Гевгелија

Гевгелија, oвој јужен Македонски град, изминативе неколку години беше синоним за коцкање. Но, рајот за коцкарите се претвори во пекол за стотици илјади бегалци и за македонските полицајци. Рано утро, 4 часот. На железничката станица во Гевгелија врие како во кошница. Мигрантите и бегалците кои преку Македонија, сакаат да стигнат до нивното Ел Дорадо, Германија, чекаат превоз за ветената земја. Меѓусебните нервози и кавги за момент престануваат кога се...