ИНТЕРВЈУ / Бардул Заими: ВИ може да помогне, но човечкиот допир останува незаменлив во новинарството
Вештачката интелигенција сè подлабоко навлегува во медиумите и го менува начинот на кој се создаваат, обработуваат и дистрибуираат информациите. Но технолошката брзина не може да ги замени професионалното расудување, проверката на фактите и човечката одговорност, вели писателот и долгогодишен новинар Бардул Заими. Во интервју за СКУП, Заими оценува дека ВИ нуди големи можности за новинарството, но предупредува дека нејзината употреба без јасни етички принципи може да доведе до содржини... 










