Категорија: Вести

Може ли вештачката интелигенција да нè затвори во комуникациски балон?

Дали алатките базирани на вештачка интелигенција можат да ги затворат корисниците во комуникациски балон, да го ограничат пристапот до различни ставови и на тој начин да влијаат врз слободата на мислење, беа дел од прашањата отворени на третата тренинг-сесија за ВИ со професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Дискусијата беше насочена кон придобивките, но и кон ризиците што ги носи сè поголемата употреба на ВИ-алатките во секојдневната...

Вештачката интелигенција ќе го промени новинарството како што тоа го направи интернетот

Вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој функционираат редакциите, ќе влијае врз новинарската креативност и ќе отвори нови професионални и етички предизвици, слично на трансформацијата што ја предизвика појавата на интернетот. Ова беа дел од главните поенти на седмата сесија од серијата тренинзи за вештачка интелигенција, одржана со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сесијата беше посветена на значењето на вештачката интелигенција за редакциите и медиумите...

Алгоритмите сè повеќе го обликуваат јавниот дискурс, медиумите и демократијата

Алгоритмите повеќе не се само технолошка алатка – тие влијаат врз продукцијата на културата, секојдневните социјални интеракции, ширењето информации и човековите предрасуди, но и врз медиумскиот простор, јавниот дискурс и степенот на демократичност во општествата. Ова беа дел од темите на четвртата сесија од серијата тренинзи посветени на вештачката интелигенција, одржана заедно со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сесијата беше фокусирана на значењето и влијанието на...

Северна Македонија прва пилот-земја во регионот за етичка примена на ВИ во новинарството

Северна Македонија е првата пилот-земја во регионот која, со поддршка на УНЕСКО, започнува процес на поврзување на универзитетите и медиумските редакции за одговорна и етичка примена на вештачката интелигенција во новинарството и медиумското образование. Активностите се спроведуваат преку СКУП-Македонија, во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на ВИ преку образование по новинарство во Северна Македонија“, поддржан од Интернационалната програма...

ВИ влегува во редакциите: СКУП-Македонија со нов прирачник поставува правила за новинарите

Вештачката интелигенција не треба да се сфаќа ниту како закана, ниту како апсолутно решение за предизвиците во медиумската сфера, туку како технологија што бара критичко разбирање, институционална одговорност и етичка зрелост. Ова е една од главните пораки на прирачникот „Етичка и професионална употреба на вештачка интелигенција во новинарството“, подготвен од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Прирачникот укажува дека само преку јасни правила, транспарентни политики и развој на дигиталната...

Што остави зад себе Арбен Фетаи? Трошоци, имот и политички пресврти

Собранието во вторникот ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, со што формално заврши неговиот мандат во Владата по повеќемесечно отсуство од јавноста и од владините седници. Фетаи оставката ја поднесе на 1 јуни, наведувајќи дека функцијата ја напушта „со крената глава и чиста совест“. Неговото заминување доаѓа по период на политичка неизвесност, во кој не присуствуваше на владините седници, а премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти...

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

Ријад Шаќири поседува дури три парчиња огнено оружје. Три парчиња пријавила на име на родител и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Сопругот на пратеничката Благица Ласовска истотака поседува огнено оружје. Колкав е арсеналот на македонските пратеници? Изработил: Тим на СКУП МАкедонија Пратеникот на ЗНАМ, Павле Арсоски поседува колекција на оружје. Во анкетниот лист поднесен како пратеник во македонското Собрание, Арсоски пријавил дури пет огнени оружја, сите стекнати со договор...

Тројца македонски пратеници имаат „позлатени“ сопруги

Народните избраници љубители и на вредни уметнички предмети и скапа книжевна литература. ПратеницитеХалил Снопче, Елми Азири, и Сали Мурати пријавиле вредно злато и златен накит на име на своите брачни другари. Изработил: Тим на СКУП Македонија Сопругите на тројца македонски пратеници поседуваат злато и накит вреден илјадници евра, покажува новото истражување на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Сопругата на пратеникот Халил Снопче поседува накит вреден 15 илјади евра,...