
Автор: Влатко СТОЈАНОВСКИ Над 400 компании регистрирани во земјава се во целосна или делумна сопственост на други компании, чие седиште се наоѓа во странски држави коишто важат за специфични јурисдикции, или таканаречени офшор зони. Во рамки на истражувањето што го спроведовме, откривме 408 правни лица во македонскиот трговски регистар, чии сопственици всушност не се физички лица, туку други фирми лоцирани во вкупно 28 странски држави што се сметаат за офшор подрачја. Според податоците што ги обезбедивме, најголем број од овие компании во земјава имаат сопственици од европски држави коишто нудат разни финансиски поволности, но, истовремено важат за претежно стабилни и доверливи финансиски системи. Воедно, меѓу нив се сретнуваат и безмалку сите даночни оази во Централна Америка и Атлантикот, кои нудат и највисок степен на дискреција и приватност околу сопственичната структура. Официјалните информации до кои дојдовме говорат дека повеќе од...