
Трка на четири искусни политичари, со прилично долги имотни листови. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, е задолжена да ја води петтата изборна единица, заедно со актуелниот пратеник, Јован Митрески. На чело на листата на ВМРО-ДПМНЕ е назначен оперскиот пеач Игор Дурловски, ДУИ ќе биде во петката ќе биде предводена од спикерот Талат Џафери а коалицијата АА-Алтернатива со Сурија Рашиди. Сите со богата политичка и институционална кариера и со прилично долги имотни листови. Изборната единица 5 е една од шесте изборни единици во Македонија. Оваа изборна единица опфаќа општини од југозападна Македонија, вкупно 14, помеѓу кои: Битола (поголемиот дел), Охрид, Струга, Кичево (дел), Ресен, Демир Хисар, Крушево, Долнени, Вевчани, Пласница, Дебар, Маврово и Ростуша, Дебарца, Кривогаштани (дел) и Центар Жупа. ШЕЌЕРИНСКА СО ИМОТ ВРЕДЕН 330 ИЛЈАДИ ЕВРА, ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД МИТРЕСКИ Радмила...