
Владејачката СДСМ за двојно го зголемила буџетот споредено со 2016 година, за разлика од нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, кај која, пак, двојно се намалиле приходите во последниве четири години откако изгубија на парламентарните избори. Салдата растат и кај ДУИ и ДПА ДОКУМЕНТИ Пишува: Жаклина Хаџи-Зафирова Две илјади и деветнаесетта година за некого заврши лошо, но некому му донесе насмевка на лицето. Вака накратко може да се опише чувството кога ќе се погледнат завршните сметки на најголемите партии во земјава. Владејачката СДСМ за двојно го зголемила буџетот споредено со 2016 година, за разлика од нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, кај кои, пак, двојно се намалиле приходите во последниве четири години откако изгубија на парламентарните избори. Но, ова не е единственото поле на кое во последниве години губи партијата на Мицковски. Поголемиот дел од нивниот имот е замрзнат поради судски процеси, а...