
Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за 5 години го надополнил својот имот со ставки вредни скоро половина милион евра. Според истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП, Шилегов стапува на функцијата пратеник во 2014 кога до Државната комисија за спречување на криминал и корупција (ДКСК) пријавува имот во вкупна вредност од 914.857 евра. Денес тој имот, според податоците од веб-сајтот на ДКСК, вреди 1,332,115 евра, што значи го зголемил за 417 илјади евра. Gradonacalnici u tri mandatiInfogram Од изборите во октомври, 2017 година Шилегов е градоначалник на град Скопје, една од најбогатите општини во земјава. Тој е една од клучните фигури во Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), партија која дојде на власт во 2016 година. Flow LightInfogram Според овие податоци, Шилегов во просек станувал побогат за 83 илјади евра годишно. Документите...