ПЕП ИСТРАЖУВАЊЕ: КОЛКУ БОГАТИ НИ СЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ?

Градоначалниците со плати од 1.000 евра успеваат да ги подмират кредитите, да подигнат нови, но и да купат автомобили и земјишта Исмаил Јахоски пријавил сума од 69 илјади евра стекната „на друг начин“, а првиот човек на Скопје, Шилегов ланската година во мај пријавил куќа и земјиште Теута Арифи во 2018-та пријавила девизен орочен штеден влог во висина од 15 илјади евра, за кој изјавила дека го стекнала со наследство Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Гостите на свадбата на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, по се изгледа не штеделе многу кога дошло до свадбените подароци. Политичари, владини функционери, бизнисмени и медиумски претставници вкупно подариле околу 30 илјади евра на младоженците на свадбената церемонија одржана на 21 септември минатата година. Во април годинава, Богоев пријавил промена во својата имотна состојба, наведувајќи дека купил нов стан. Според неговиот исказ,...

ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ „ТЕЖАТ“ 30 МИЛИОНИ ЕВРА

На прво место се наоѓа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за потоа да следат Николчо Илиев – прв човек на Кочани, Исен Шабани на Врапчиште, Албон Џемаили на Боговиње, Петре Шилегов на Град Скопје, Арбен Таравари на Гостивар, Константин Георгиески на Охрид, Герасим Конзулов на Радовиш, Никола Андонов на Ново Село и Александар Наумоски на Ѓорче Петров.

ДВАНАЕСЕТТЕ „НАЈПРИВИЛЕГИРАНИ“ ПРАТЕНИЦИ: ДРЖАВАТА ИМ ПЛАЌА И ЗА КИРИЈА, И ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ   Иако припаѓаат на спротивставени политички табори, пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски и тој на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, ги спојува една привилегија која им се дава на нив како народни избраници: двајцата користат и државен стан, и наплатуваат за патни трошоци. Кирацовски до неодамна ја извршуваше и функцијата генерален секретар на СДСМ, но беше разрешен откако се најде на тапет во јавноста поради вработувањата на негови блиски роднини, за што постапки отвори Антикорупциската комисија. На Кирацовски државата во изминатава година му плаќала кирија од 390 евра, а тој во последните четири месеци од 2018 година додека престојувал во стан во Скопје, на име на патни трошоци добил нешто повеќе од 1000 евра. На неговиот политички опонент, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, државата му плаќа нешто помалку за кирија, односно 370 евра, но и тој...

ЦАРОВСКА ПОБОГАТА ЗА 1.3 МИЛИОНИ ЕВРА, ШЕЌЕРИНСКА КУПИЛА МОТОР ОУТЛАНДЕР

Имотот министерката Мила Царовска во септември 2018 година имал вредност од само 212.990 евра, додека сега тој изнесува 1.591.597 евра. Две ставки додала и Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска Јанковска. Само една ставка, и тоа без наведена вредност, дополнил министерот за земјоделство во заминување, Љупчо Николовски. Имотната состојба на министерот Никола Димитров, за разлика од горенаведените министри, е намалена.   Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од само една година. Според анализата на СКУП во рамките на проектот Политички Експонирани личности, на нејзиниот пријавен имотен лист од септември 2018 година, вреден 212.990 евра, се додадени ставки вредни 1.378.607 евра, со што нејзината моментална имотна состојба изнесува 1.591.597 евра. Од Министерството објаснуваат дека станува збор за надополнување на анкетниот лист со имот на...

Матни милионски тендери за водоводна опрема

Пишува Влатко СТОЈАНОВСКИ Само во последните десетина години, компанијата за водоводна опрема „Техноскоп“ склучила над 200 договори за јавна набавка во вкупна вредност од околу 17,5 милиони евра, претежно со јавните комунални претпријатија од земјава. Според официјалните податоци што ги обезбедивме од надлежните институции, тие се групирани во здружението на даватали на комунални услуги – АДКОМ, чие овластено лице е сопруга на единствениот сопственик на „Техноскоп“ и воедно е сестра на управителот на оваа компанија. Покрај тоа, во „Техноскоп“ веќе неколку години работи ќерката на раководителката на службата за јавни набавки на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, со кое впрочем компанијата од 2008 година досега склучила договори во вкупна вредност од околу 4 и пол милиони евра. Исто така, сопственикот на „Техноскоп“ своевремено основал уште една компанија што делува во овој сектор – „Матам Инг“, чиј моментален сопственик...

ОД БЕЛ МАНТИЛ ВО ПОЛИТИЧКИ КОСТУМ: ЛЕКАРИТЕ НАЈБРОЈНИ ВО ПОЛИТИКАТА

А со што ги привлекува политиката? Во време на дефицит на медицински кадар, лекарите се најбројни помеѓу пратениците. Докторите, и другите професии кои уживаат општ углед, се значајни за подигање на имиџот на партиската понуда, вели Арсовски. Експертот велат дека клиентелизмот како појава не се врзува исклучиво со докторите, туку и со бизнисмените, универзитетските професори и религиозните профили кои се активни во политиката. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Бујар Османи е единствениот специјализант по хепато-билио-панкреатична хирургија, додека Венко Филипче е првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје. Но, за нив политиката по се изгледа е поатрактивна од нивната основна професија: првиот е заменик-премиер задолжен за Европски прашања а вториот е министер за Здравство. Медицинскиот кадар во власта е трета најзастапена професија. Помеѓу министрите најмногу има правници и економисти,...

Оставете коментар

коментар(и)