
• Независните пратеници Крсто Мукоски и Сашо Василевски, како и Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. • ДКСК отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев, министрите Дамјан Манчевски и Кочо Анѓушев, како и за лидерот на опозицијата Христијан Мицковски • Поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија, е вклучен во истрагата под кодно име „Пациент“. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Од обвиненија за тероризам, корупција, злоупотреба на функцијата и јавните пари за лична корист, па се до изборни нерегуларности. Низ ваквите судски процеси се влечкаат десет државни функционери, кои сеуште се активни во политичката сцена. Четири други функционери се под лупата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКС) заради...