
ДОКУМЕНТАЦИЈА Автори: Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Кристина Атовска Државата издвојува 266 илјади евра годишно за ангажирање на посебни надворешни советници, кои имаат за задача да ги советуваат министрите и останатите носители на државни функции за што поефикасно да ги извршуваат нивните задачи. Ова сума, до која дојде СКУП, се троши за 34 „посебни советници“, кои се ангажирани само во 13 министерства. Членот 27 од Законот за административни службеници, дополнително ги опишува со звање, нивоата во рамките на категориите на административните службеници, меѓу кои и: Б1 – државен советник, В1 – советник. Додека, членот 22 од Законот за вработени во јавен сектор, предвидува до 3 посебни советници во кабинетот на министерот. „Првите се вработуваат согласно законот и мора да положат одредени испити за работна позиција. Станува збор за кариерните службеници. Другите се така примени, дали се партиски војници, дали...