СИТЕ МОЛЧАТ ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

Автори: Евгенија Јанакиеска                Никола Рашо Радулов   „Бев сместена во Пелагонија и искрено требаа врски. Имав другарка на којашто и беше пријател тој што беше претседател на домот и преку него влегов, иако ги исполнував сите услови, ми требаше за полесно да влезам. И понатаму наредните години бев во Пелагонија, но не се сеќавам дали фаќав врски, но требаа-за подобри услови, за поубава соба. Живеевме четири цимерки во една соба, а да бидеш сместен во апсолвентска соба беше неостварлива желба. Сум чекала саат само за во читална, сум си носела столче од едниот крај на домот до другиот, сме чекале по саат време во кујна за едно парче стек“. Ова e личното искуство на дипломираната Елена Кузмановска, додека била станарка на студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје за тоа како се добивало легло во студентските домови. Но, слични искуства...

ПО ТРАГИТЕ НА ИЛЕГАЛНИТЕ РУТИ: ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ НОСИ МИЛИОНИ ЗА ШВЕРЦЕРИТЕ

Горан Лефков   Многу бегалци се удавиле во Конска река обидувајќи се илегално да ја поминат границата помеѓу Грција и Македонија. Ова река, која се протега долж граничната линија, преставуваше последна пречка за да се влезе во македонска територија. Ова река сега е исушена и не преставува веќе пречка или опасност. Но, ги нема и бегалците, кои масовно ја поминуваа во изминатите години. Во текот на денот во овој дел може да се видат само локалните жители, и по некоја кола од пограничните безбедносни сили. Мигрантите ја поминуваат границата ноќно време, без да бидат приметени од полициските патроли. Локалните жители се плашат да говорат јавно за ова илегална активност. „Многу се организирани, сите се поврзани“, вели еден средовечен маж, кој застана под сенка за да збори со нашата екипа. „Од Миравци ги превземаат шверцерите со коли и од таму...

Канческа ноќевала во Хилтон, Шератон и Риц, а пазарела во „Версаче“ (обновено)

ДОКУМЕНТАЦИЈА Четири илјади и триста евра од личната картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот ланец хотели „Хилтон“ за само еден ден. Но, не од нејзината приватна сметка, туку од сметката на буџетот која ја полнат граѓаните на Република Македонија. „Хилтон“ не бил единствената дестинација на екс-министерката, која била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи. За ноќевање во овие хотели била плаќана сума од 300 евра од вечер. Картичката се користела за се и сешто-од набавка на апарат за кафе-Неспресо, преку набавки во „Зара хоме„ во Солун, познатиот грчки шопинг центар „Нотос Галериес“, потоа „Балдинини“ во Венеција, Монклер УК ЛТД во Лондон. Но, пазарела и во грчката продавница Публик, позната по техничка стока, потоа во продавници на ЦУМ и Харли Дејвидсон (препознатливи во марката...

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (ВТОР ДЕЛ): КАФЕАНСКИТЕ ФАКТУРИ СЕ КРИЈАТ КАКО ДА СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска (овде може да го прочитате првиот дел) Трагајќи по вистинската слика за тоа како рационално и дали и во корист на граѓаните се однесува општинската бироктратија, новинарскиот истражувачки тим на СКУП посети повеќе општини. Преку Законот за слободен пристап до информации, се обрати до сите 82 општини. Од повеќето од нив доби податоци и документи за тоа како и на што градоначалниците и нивната администрација ги трошат парите на своите сограѓани.   СЕ КУПУВАЛЕ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ И СЛАТКИ   Истражувачкиот тим на СКУП испрати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до сите општини во Република Македонија. Од надлежните во општините побарани се информации за буџетите на општините, сумите на годишно ниво за репрезентација како и фактури на кои се книжени промени за репрезентација во последните пет години, односно од...

Репрезентација: Празни дупки за полни стомаци

ДОКУМЕНТАЦИЈА автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска Педесет парчиња јагнешко ги чинело 17.500 денари, 30 парчиња сирење – 7.500 денари а десет килограми кашкавал 3.880 денари. Вкупно 30.324 денари, или 500 евра платила општина Охрид на фирмата „Кам импекс“ за недефинирана „угостителска“ услуга.     Но, ова не е рекордот на охридската администрација. Некој оттаму во еден ден ставил потпис на фактура за потрошени 41.580 денари или околу 650 евра, исто така за ресторантски услуги каде што се мезело и јадело од салати и ракии, преку скари, вина, па се до чоколадни торти и коњак.   НА КАФЕАНИ ТРОШАТ СИТЕ – И СИРОМАШНИТЕ И БОГАТИТЕ ОПШТИНИ   Пржените тиквички, рижото со морски плодови, месо на селски начин, лигњи на скара, сладолед, торта и овошје……, не биле доволни во еден ден на еден или на повеке „поврзани“ гоштевања со...

Ракот најмногу убива во Свети Николе

автор: Горан Лефков   Свети Николе е еден од рекордерите според бројот на регистрирани случаи на рак на дојка. Изминатата година дури 40% од сите случаи на рак на дојка во Вардарскиот регион се регистрирани во Овчеполијата. Според податоците кои ги добивме од Центарот за јавно здравје во Велес, користејќи го законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, малото овчеполско гратче минатата година имало 20  случаи на рак на дојка. Ист број на заболени жени има и во Кавадарци, иако е двојно поголем од Свети Николе. Во останатите центри од овој регион, Велес, Неготино и Гевгелија, вкупно има регистрирано само 10 нови случаи. Никој не знае кои се причините за така високите стапки на рак на дојка во Свети Николе. Се нагаѓаат различни појави, но ниту една не е истражена. Разговаравме со повеќе лекари кои ја следат...

Оставете коментар

коментар(и)