Самохраните родители живеат со 25 денари на ден
Евгенија Јанакиеска Рашо Радулов „Мојата ќерка се вика Сена. Живее со мене. Веќе една година сум без работа, а од државата не добивам ни пет денари. Се обидував цела година, одев постојано да молам по институциите за да ми помогне некако државата. Нема каде не одев. Работев во една приватна болница пет години. Ме избркаа бидејќи моето малолетно дете кога беше многу болно немаше кој да го чува. Се обратив во Центарот за социјални грижи со документот од кој се гледа дека сум добила отказ. Од таму ми рекоа дека не ги интересира што веќе немам работа бидејќи моето дете примало 2.000 денари алиментација од таткото Суад. Ниту дошле ниту прашале дали јас навистина ги земам тие 2.000 денари“. Ова е животната приказна на триесетичетиригодишната Тереза Христова од Скопје, која апелира да и се помогне со бесплатна правна помош од...