Општините „се вадат“ на немање услови за вработување на инвалидизираните

Пред околу две децении, 40-годишниот Зоран Јовановски од Струмица останал траен инвалид заради повреди здобиени во несреќен случај. Од тогаш тој морал да се приспособува на новиот начин на живот, при што, наместо нозете, за движење користи инвалидска количка.  Од тој трагичен момент ги искусил сите премрежја во животот. Во неговиот алманах на битки се слики од такси комапнијата што морал да ја затвори, па останал без работа и егзистенција, до бројните спортски игри на кои учествувал. Во спортот освоил значителни резултати – прво место во трка со инвалидска количка, фрлање на диск, ѓуле и копје, трето место во стрелање со воздушна пушка, прво место во пинг – понг. На меѓународен натпревар  на параплегија и квадриплегија во Србија освоил трето место во дисциплина фрлање диск и копје. Јовановски сега е еден од членовите од Здружението на лица со телесен...

Поплави: Нетранспарентни постапки за нечисти канали

Урнатините на дворот сè уште му будат лоши спомени на Златко Јовевски од Смилковце. Неговата куќа е скоро уништена од поплавите во почетокот на август, но и дополнително оштетена од неодамнешните серија земјотреси. Жителите од ова место на периферијата од Скопје, пред само еден месец, ги видоа буиците што однесоа човечки животи, па го почуствуваа и земјотресот што на многу од скопјаните им го всади стравот од нова несреќа. За така кусо време ова стана топ-вест во светот, со бројот на жртвите, но и епицентарот на серијата скопски земјотреси.   “Куќата ми е целосно уништена. Во поплавата на 6 август ги изгубив  најблиските. Мајка ми ја нaјдов на 500 метри  од куќата, а сестра ми дури во Стајковци“, вели Јовевски, не можејќи да се смири со трагедијата која му го упропасти животот. Тој не верува дека некој друг во...

Сточарите со огромни загуби: нема помош ниту за затрупување на животните

Ужасни слики и неверување владее кај сточарите на Плачковица. Беспомошно апелираат повеќе од два месеци до Агенцијата за храна и ветеринарство да набави вакцини, но од вакцини за нивната општина нема ниту трага ниту глас.     Стадото на Емин секојдневно се намалува. Говедата зафатени со болеста „Јазлеста кожа“ добиваат воспаление на кожата, покачена телесна температура и бегаат во реките и доловита на Плачковица каде е поладно и таму умираат. Емин вели дека дури не не може да ги пронајде нивните тела. Додека Агенцијата за храна и ветеринарство одби да одговори на нашите прашања, жителите велат дека постои опасност од загадување на водите со зарази од загинатите животни. „Во село Парналија од околу 1.300 говеда вакцинирани се дали 50-тина. А неколку стотини веќе се зафатени од болеста и им нема траг“, вели Емин Мустафов од Парналија. Покрај тоа што...

Сточарите беспомошни: државата дозволи масакар врз кравите

Вознемирени се од појавата на болеста „Јазлеста кожа“, сточарите од Источна Македонија се молат нивните крави да останаат здрави. Од овие животни зависи и нивната екзистенција. Гневни се на институциите, за кои велат дека не реагирале навреме со обезбедување на потребните вакцини. Резултатот е страшен – животни им умираат секој ден. Хаос, страв и паника владее кај сите сточари, кои екипата на СКУП ги сретна во неколку предели од Источна Македонија. Во Пробиштип го сретнавме сточарот Васе во моментот кога се подготвуваше да ги затрупа угинатите животни. Низ солзи ја раскажа неговата приказна. Додека слегувавме од ранчот на Васе, две возила марка „Југо“ со ветеринарни доктори се упатија кон стадото на Васе. Не за да ги вакцинираат говедата туку да му ги убијат, бидејќи е предоцна за вакцина. Ги замоливме да ни дадат изјава, но тие упорно избегнуваа да...

Апсурд во здравствениот систем: специјализантите како робови

Кога решила да специјализира приватно во Клиниката за радиологија во Скопје, 28-годишната Ивана Панчевска не помислила дека ќе се соочи со една апсурдна ситуација. Таа како приватен специјализант е обврзана да работи скоро двојно повеќе од останатите работници, без при тоа да има какви било регулирани работнички права или заштита од државата и синдикатите. „„Приватните специјализации потполно ни го пореметија животот. Немам здравствено осигурување иако сум лекар. Се тресам од помислата ако се разболам“, вели Панчевска. Според Законот за здравствена заштита, приватните специјализанти се обврзани да поминат по 40 часа неделно на клиниките и да дежураат најмалку 24 часа во една седмица. Специјализантите на државните клиники покрај тоа што немаат плата, немаат ниту здравствено, социјално и пензиско осигурување. Ова е дополнителен проблем за младите специјализантки. Истите обврски ги имаат и нивните колеги кои се на државни специјализации, но, затоа примаат...

Партизација и лоши услови за работа: секој трет полицаец си заминува од МВР

„Оставете го пунктот кај Агросервис, и заминете на обезбедување на куќа, каде е извршен грабеж“, ова беше наредбата која ја доби патрола на сообраќајната полиција на 12 март, веднаш по полноќ. Објаснувањето на дежурниот полицаец по радиоврската беше дека нема луѓе и мора тие да заминат. Причина за ваквата состојба е што бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи постојано се намалува. Според податоците на Министерството за финансии објавени во буџетите во последните 11 години, бројот на полицајци е намален за 2. 500.   Најалармантна е 2014 година кога во МВР има само 10.800 вработени. Подоцна во неколку наврати се примуваа полициски службеници, но за да се достигне бројот од 13.106 луѓе, фалат околу 2.000 полицајци. Најлошо е обезбедувањето на Косовската и Албанската граница. „Во полициските станици за граничен надзор во 2004 година, кога ја превземавме границата имавме...

Оставете коментар

коментар(и)