
Пишува: Љубиша АРСИЌ Во првите 12 часа на 4 ноември (петок), електронскиот систем на „Мој термин“ регистрираше околу 20 илјади упати за пациенти и повеќе од 60 илјади издадени рецепти. Податоците, на прегледен начин, со промени од секунда во секунда, се презентираат секојдневно на livedashboard.zdravstvo.com.mk, страница посветена на „Мој термин“, а потпишана од Министерството за здравство. Ако неколку дена ги следите податоците, ќе забележите дека постојано бројките се во десетици илјади, и тие за упати и тие за рецепти, а од дијагнозите најмногу се повторуваат неколку. Доминира дијагнозата со ознака I10 (И10) или покачен крвен притисок без утврдено потекло, потоа N40 (Н40) или хиперплазија на простата, Е10 поврзана со шеќерот и инсулинот, R10 (Р10) со болки во стомакот. Овие он лајн-податоци можат да послужат за точно следење на здравјето на пациентите, односно за утврдување на листата со најбројни...