Македонските студенти со најлош стандард на Балканот

Распаднати кровови и подови. Распаднати ѕидишта, руинирани објекти. Ова е сликата за македонските студентски домови. Оваа слика, е и синоним за македонскиот студентски стандард. СКУП Македонија, направи истражување за студентската живеачка во Македонија, во однос на другите земји од Балканот. За оваа намена споредивме неколку параметри на студентскиот стандард во Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и Словенија. Тие се земји, што географски и според развојот се најблиски до нас. Во сите споредби, нашите студенти, живеат многу помизерно од сите останати студенти во главните градови на Балканот.     Четири студенти земаат како еден пензионер   Просечната пензија во Македонија е 12.000 денари и Владата на премиерот Никола Груевски, ја има зголемено за над 70% за 9 години. Државата за студентите издвојува само 3.300 денари. „Оваа Влада мисли само на пензионерите, додека за студентите не дава 5 пари. Висината на стипендиите...

Петте бирократи кои земаат поголема плата од Премиерот

Членовите на Советот за јавни набавки (Ивица Костојчиноски, Златко Арсов, Зоран Трајановски, Суад Зејнуловиќ и Борче Христов) имаат повисоки плати дури од претседателот, шефот на парламентот и премиерот на Република Македонија. Ова се податоците до кои дојде Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Најниската исплатена плата во ова тело е исплатена на Ивица Костојчиноски во септември 2014 година од 97.090 денари, додека највисоката на Зоран Трајановски во јуни 2015 година од 114.337 денари. Покрај платите, на членовите на Советот за јавни набавки им следуваат и по 1.860 денари за телефон и по 1.500 денари за угостителски услуги. Покрај ова на Ивица Костојчиноски, државата му плаќа и кирија и комуналии за стан во Скопје во висина од 250 евра месечно. Како се одредуваат платите на членовите на Советот за...

Одборниците се луксузираат, претпријатијата немаат за плати и за нова механицазија

Зима 2015. Сликата во Македонија беше идилична. Земјата завеана, патиштата непроодни, а многу населби отсечени. Јавното претпријатие Македонија пат нема пари да ја обнови механизацијата, но затоа има за да дели пари на прекубројниот управен одбор. Имено, во контролното тело на оваа јавно претпријатие седат 13 члена што е незаконски. Членови на Управен одбор на Македонија пат. <a href=’#’><img alt=’Sheet 1 ‘ src=’https:&#47;&#47;public.tableau.com&#47;static&#47;images&#47;_3&#47;_3757&#47;Sheet1&#47;1_rss.png’ style=’border: none’ /></a>   Користејќи го законското право за слободен пристап до информации од јавен карактер, СКУП Македонија дојде до податоци за незаконско членување во управните одбори на некои претпријатија, како продолжение на претходното истражување, кое покажа како одборниците заработуваат и плати и хонорари. Според член 21 од Статутот на ЈП Македонијапат бројот на членовите треба да биде 5.   Ова за правниците е незаконски. „Членувањето на повеќе членови во Управен одбор, од тоа што е...

Одборници и функционери: и плата и хонорар

ДОКУМЕНТАЦИЈА Небојша Стајковиќ, од април годинава е поставен за неизвршен член на Одборот на директори на „Македонски Телеком“ АД-Скопје, откако претходно уште од 2009 година ја извршувал истата функција во „Т-мобиле“ Македонија АД Скопје. Во изминативе 9 години тој во исто време работи и како помошник министер во Министерството за внатрешни работи (МВР) надлежен за информатика и телекомуникации. Навидум, ништо спорно, освен фактот што Стајковиќ работи во министерството, кое, законски е надлежно да соработува со операторите, меѓу кои и „Македонски Телеком“ АД-Скопје. Телеком, како што е познато, во последно време е посебно актуелен поради аферата за наводен поткуп на политичари кои се поврзуваат со одолговлекувањето на либерализацијата на пазарот.     Небојша Стајковиќ е неизвршен член на одборот на директори на Македонски Телеком АД-Скопје, а во исто време работи и како помошник министер во Министерството за внатрешни работи, кое,...

ПРОБЛЕМАТИЧНИТЕ ИГРАЧИ ВО КАЗИНО-БИЗНИСОТ

Проблематични се сопствениците на казината во Македонија. Со внесени стотици милиони евра на македонската граница со Грција, казината потсетуваат на коцкарските меки, како Макао, Естонија или Лас Вегас. Но, што кријат првите луѓе од коцкарската индустрија? Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија истражуваше за судирите со законот на сопствениците на храмовите на коцката во Македонија, казината Фламинго и Принцес, како продолжение на истражувањето, кој е кој во овој бизнис.   СКАНДАЛИТЕ НА НОВОМАТИК   Најголемата светска компанија на игри на среќа Новоматик Аг, со седиште во Австрија, е инволвирана во неколку афери во земјите каде делува. Според Блумберг, „казината во Парагвај, Перу и Јужна Африка – земји каде Новоматик делува – беа одбележени од страна на САД како цевки за перење пари од страна на криминалните шефови и бароните на дрогата“. Неколку афери се вртат и околу бившите клучни...

Македонија станува балкански Лас Вегас: низок стандард и пренагласено коцкање

  ДОКУМЕНТАЦИЈА (Забелешка: Документите за сите компании се прикачени на линкови на нивните имиња. За да ги видите кликнете на линкот ДОКУМЕНТАЦИЈА )     Македонија е на дното на листата на балканските земји според странски директни инвестиции. Официјалните бројки покажуваат дека во 2013 година Македонија привлекла само 251 милион евра странски инвестиции, Црна Гора 350 милиони, Босна и Херцеговина 300 милиони, додека Косово истата година има регистрирано 259 милиони евра. Сепак, не е сè така црно. Во земјата цвета бизнисот со игри на среќа. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер. „Колку сиромаштијата е поголема толку повеќе расте бројот на обложувалници и казина“, смета Димко Кокароски, поранешен заменик-министер за финансии и актуелен професор на Економскиот факултет во Прилеп....

Оставете коментар

коментар(и)