Имотот на партиите – невидлив во извештаите

Финансиите на партиите се под лупа на институциите, но не толку колку нивниот имот, кој би требало да биде на увид на јавноста, коментираат експерти по објавената сторија на СКУП-Македонија, каде детално ги објавивме имотните листови на четирите најголеми партии. Иако од партиите тврдат дека тие редовно прават попис и овие документи ги доставуваат до државните институции, сепак, на нивните веб страници не можат да се видат ниту годишните финансиски извештаи, а камоли тоа што поседуваат. Дури и од Државниот завод за ревизија велат дека имотот на партиите е спомнат само попатно во извештаите, но нивниот фокус е на финансиите кои легнуваат на партиските сметки. Ако се погледнат финансиските извештаи за партиите кои ги изработува Државниот завод за ревизија, имотот на партиите е спомнат само попатно и тоа само во случаи кога ревизорите констатирале одредени состојби. На пример, во...

СКУП ги открива имотите на политичките партии: од ниви и пасишта до луксузни станови и згради (обновено)

ДОКУМЕНТАЦИЈА Дуќани, дворови, ниви, згради, станови…Ова е само дел од сопственоста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која се јавува како сопственик во 100 имотни листови, каде можат да се видат места кои се непознати за пошироката јавност. Најголемите имоти кои ги има партијата на екс-премиерот Никола Груевски, се наоѓаат во Сарај, Кисела Вода и Центар, каде ВМРО-ДПМНЕ поседува згради, станови и пасишта. За разлика од нив, СДСМ поседува далеку помал имот, а најголемиот имот кој го има се наоѓа на Бихаќка. ДУИ е на трето место по официјалната листа на стекнат имот, додека ДПА не фигурира дека има имот.   ВМРО-ДПМНЕ СО НАЈГОЛЕМ ИМОТ   Според документите до кои дојде СКУП, ВМРО-ДПМНЕ поседува имот во скоро сите општини на Македонија. Партијата има имот дури и во Мал Папрадник, место каде едвај има педесетина куќи. Партијата на Никола Груевски најмногу имотни листа...

Помеѓу личната придобивка и јавниот интерес: Дали и медиумите се виновни за кризата?

Кога владата почна да спроведува кампањи и истите да ги рекламира, повеќето од приватните медиуми во Македонија влегоа во трка кој да придобие поголем дел од колачот. Експертите велат дека не се само рекламите, туку и тендерите со кои се купува медиумската наклонетост. Оваа ситуација во македонскиот медиумски пазар покрена неколку прашања и дилеми: Дали медиумите стануваат параван на бизнисот? Може ли еден медиум како приватна сопственост да води сметка само за сопствените приходи, иако обавува јавна дејност? Дали приватните медиуми имаат обврска да држат сметка за јавниот интерес?  Со потпишување на Договорот од Пржино, со кој се презеде обврската за реформи во медиумската сфера, се отвори уште едно клучно прашање: дали и медиумите се виновни за политичката криза, со тоа што не се држеа до новинарските стандарди и етиката во нивната работа?   БИЗНИС И МЕДИУМИ – ДОБИТНА...

Клучни играчи во медиумскиот бизнис: Кој ги поседува медиумите во Македонија?

Мнозинството во Собранието на Република Македонија, без многу дебата и размислување, го отфрли предлог-законот за реформи во медиумската сфера само неколку дена пред да се распушти. Предлогот составен според советите на екс-посредникот Питер Ванхојте, се очекуваше да биде сериозно разгледан од страна на народните избраници поради парафот на нивните лидери во Договорот од Пржино. Но, со одбивањето на овој предлог остана уште една неисполнета обврска во пресрет на предвремените парлментарни избори закажани за 5 јуни. Медиумските организации како предлагачи уште еднаш останаа разочарани од непостоењето на политичка волја за конечно регулирање на медиумската сфера во Македонија. Земјата се соочи со потребата за реформа на медиумската сфера во период кога политичката криза кулминираше. Ова отвори неколку прашања: кој ги поседува медиумите во Македонија, а со тоа и најголемиот удел во оформувањето на јавното мислење? Дали приватните медиуми водат сметка за...

СКАНДАЛ: Новинарите-„закана за безбедноста“ на ДКСК

„Вие сте закана за безбедноста на институцијата и не можете да влезете внатре“. Овој непријатен одговор го доби екипата на СКУП-Македонија од лице кое се претстави дека е шефот на обезбедувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 6 април 2016 година. Со ова, новинарите беа спречени да поднесат барање за слободен пристап до информациите, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Голготата на СКУП во ДКСК започна на 6 април 2016 година околу 11 часот. Влеговме во објектот на улица Даме Груев бр. 1, каде на вратата нé пречека вработена како обезбедување во Комисијата во цивилна облека. По прегледување на личната карта нé запиша во книгата и нé праша „што бараме во Комисијата“. И објаснивме дека сакаме да поднесеме барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер до архивата на институцијата. „Дајте...

Бизнис и политика во медиумите: Можни ли се реформи?

ДОКУМЕНТАЦИЈА     Кога во пролетта на 1996-та излезе првиот број на независниот дневен весник “Дневник”, тогашната власт беше свесна дека доаѓа времето на медиуми кои нема да може да ги контролира. “Дневник” а потоа и приватната телевизија „А1“ набргу станаа влијателни медиуми, превземајќи ја моќта за креирање на јавното мислење од тогашните медиуми кои беа во државна сопственост – весниците “Нова Македонија”, “Вечер”, “Флака” и Македонската Радио-телевизија (МРТВ). Засилувањето на позицијата на приватните-независни медиуми ги однесе во целосен банкрот медиумите кои неколку децении наназад беа формирани и контролирани од државата. Поради тоа, државата реши да ги продаде весниците кои беа во нејзина сопственост, додека МРТВ да ја трансформира од државен во јавен сервис. Без темелни промени во политичкиот систем, малку нешто може да се промени во сферата на медиумите. Предлозите на посредникот Ванхоуте се издржани и даваат надеж...

Оставете коментар

коментар(и)