ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ

Дубаи е дестинација, која македонските граѓани можат да ја посетат за само 140 евра и тоа со авионски превоз. Пратениците од Гевгелија, Охрид и Струга, за едно патување до Скопје наплаќаат од собранискиот буџет од 6.000 до 8.000 денари. Дубаи од Скопје е оддалечен околу 5.000 километри, а од Гевгелија до Скопје е 30 пати помалку, односно 170 километри. Тоа не им смета на нашите пратеници од внатрешноста да наплатат за оваа дестинација речиси исто колку што би потрошиле македонските граѓани за авионскиот лет до Дубаи. За неполна година, само за првите 11 месеци на 2014 година за патни трошоци на пратениците се исплатени околу 1 милион евра, а нивните привилегии од неодамна се збогатени и со правото да користат повисоки дневници за патување во странство.   Според новите уредби за 2015 година, ќе се пресметува 50% од вредноста на дневниците за патување во странство. Ова е зголемување од претходните години, кога за службен...

Сведоштва на армиски Скорпиони: „Лепеза“ е голема измама – не добив ни лиценца, ни работа!

автор: Стојанка Митреска          Зоран Карадаковски, поранешeн армиски скорпион, тврди дека бил изигран во Лепеза“, програма на македонското Министерството за одбрана, поддржана од Кралството Норвешка, и дека не ја добил заслужената лиценца за обезбедување, иако посетувал предавања во касарната во Штип, во која е сместен еден од трите центри на македонско – норвешкиот проект за преквалификација на воениот кадар.   Карадаковски пред завршувањето на војничката кариера во АРМ, вели дека како и многу негови колеги бил на обука во рамки на програмата „Лепеза“ за да добие лиценца за обезбедување. За документот ( лиценца) издаден од Комората на Република Македонија за обезбедување на лица и имот што сега го поседува Карадаковски тврди дека си платил од свој џеб, наместо, како што му било објаснето, трошокот да биде покриен од норвешката донација. Поранешниот армиски скорпион бара од одговорните во „Лепеза“ да...

Се празни Македонија, се бега од сиромаштијата

автор: Арта Тахири   Луѓето се иселуваат, бидејќи бараат решенија. Одат онаму каде што можат да најдат работа и да обезбедат подостоинствен живот за себе и за своето семејство, велат експертите во Скопје. Жителите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија, мигрираат кон земјите од Европската унија (ЕУ). Овој феномен ја зафати не само Македонија, туку и Косово. Во последниве денови најчестите телевизиски глетки во Косово се “реки” од луѓе кои тргнуваат кон Европа, длабоко разочарани од владата, но со надеж дека Западот ќе им донесе подобар живот во иднина. Куштрим Садику, новинар на телевизијата Клан Косова, за Инбокс 7 вели дека владата и другите институции на Косово не објавиле некоја точна бројка на Косоварите, кои ја бараат својата среќа во земјите на Европската унија, како бегалци или лица кои бараат азил. Меѓутоа, според него, она...

Градејќи го Скопје, ја запустеа источна Македонија

Уништени претпријатија, ниски плати, лоши сообраќајни поврзувања, сиромаштија, иселување на младите. Ова е сликата за источна Македонија низ призма на економските параметри и стандардот на населението. Квалитетот на животот е опаднат до самото дно. На истокот не се случуваат културни настани, нема спортски клубови кои ќе ги привлечат младите. Причина за ваквата состојба е ужасната економска состојба, вели економскиот аналитичар од Кочани м-р Горан Стојановски.   „На економијата во овој регион и треба една силна инекција, некој поголем инфраструктурен проект кој ќе ја покрене. Секој денар вложен во инфраструктурата дирекно враќа три денари, а индирекно многу повеќе“, вели Стојановски. Тој додава дека последен инфраструктурен објект во овој дел на Македонија е браната Калиманци, која е изградена во 60-тите години на минатиот век. Овој податок беше повод да направиме истражување претставено низ следните табели во кои ја анализиравме инфраструктурата во...

Од Девствените острови директно во Пробиштип

Текстот е оригинално објавен на страната на ТВ Ирис на 30 декември 2014 година   Фирма од Девствените острови сака да гради леарница во Пробиштип во која ќе се топат отпадно железо и челик. Леарницата ќе се гради на само два километри од отвореното јаловиште на рудникот за олово и цинк Злетово, каде што се депонирани 11 милиони кубни метри отровен кадмиум, молибден, бакар и злато. Ова ги вознемири жителите на градот, кои преку социјалната мрежа Facebook формираа група „Не за челичарница во Пробиштип” , и почнаа да собираат потписи за петиција против изградбата на леарницата. Велат Пробиштип, нема да биде новиот Велес. Како совесни граѓани се прашуваме во време кога целиот регион и граѓаните на нашата држава се борат за правото да дишат чист воздух, да пијат питка вода и незагадена почва нашата Општина се одлучува на ваков...

Архитектот што го проектира новиот Клинички, два пати апсен во Италија

Автор: Менче Атанасова Точи (Текстот е оригинално објавен на страницата на НОВА ТВ на 2 јануари 2015 година. Веднаш по објавата, до редакцијата на НОВА ТВ пристигнал демант од министерството за здраство. Забелешките на министерството се вметнати во овој текст. Целиот демант е објавен, во целост, под овој текст)   Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за проектирање на новиот клинички центар„Мајка Тереза“, бил вмешан во серија корупциски скандали во Италија пред една деценија, дознава НОВА. Савоино кој сега е на возраст од 84 години, фигурира во бордот на директори на Арен Срл, проектанското биро што треба да го проектира грандиозниот објект во Македонија, додека на местото главен извршен директор, е неговиот син Дејвид. Според италијанските медиуми Антонио Савоино два пати бил апсен за работи поврзани со изградбата на болниците во Асти и Савона...

Оставете коментар

коментар(и)