Македонија останува без шуми поради лична корист на поедници

автор: Искра Опетческа Вработени на одговорни функции во Јавното претпријатие (ЈП) “Македонски шуми”, подружница “Бабуна” Велес, го кршат Законот за шуми со што на незаконски начин заработуваат илјадници евра на грбот на државата и на приватните сопственици на шуми, тврди  Жилбер Жак Арсов сопственик на 42 хектари земја со 700 метри кубни дрва во атарот на велешкото село Ветерско.   “Еден од најголемите проблеми се испратниците. Податоците напишани на испратниците не соодветствуваат со вистинската состојба на теренот. Така на една испратница на пример,  пишува дека се исечени 3 метри кубни дрва а на другата, резервната 30  метри кубни дрва. Сето тоа со образложение дека треба да има баланс при сечата затоа што секоја парцела е различна. Во некоја има помалку дрва за сеча а некаде пак да има повеќе. Друг проблем е и тоа што надлежните, мене како продавач на...

Спортски сали: Ветувањата посилни од реализацијата

автор: Жаклина Хаџи-Зафирова   Сиви голи ѕидови и обрасната трева. Ова е сликата на која веќе навикнаа жителите на скопската населба Ченто, додека поминуваа покрај Основното училиште „Крсте Мисирков“, каде уште пред десетина години требаше да никне нова спортска сала. Но, наместо со новоизградениот објект, кој го најавуваа сите досегашни власти, учениците и децата од ова место се задоволуваа со училишниот двор и околните дотрајани и импровизирани локални игралишта каде од забава играа кошарка или фудбал. Приближно исто толку стара како започнатиот објект во Ченто е и долгонајавуваната спортска сала во населбата Автокоманда, веднаш до студентскиот дом „Стив Наумов“, каде и покрај најавите на надлежните, се уште ништо не се случува, а објектот пропаѓа од година во година.   Се прави ли стратегија за тоа какви се потребите на граѓаните во општините? И какви се потребите на учениците во...

Во токсичкото кралство на Југохром

    Кога во 2005-та година се донесе новиот Закон за животна средина, се веруваше дека во Македонија конечно ќе се почне со решавање на енормното загадување. Земјата, која се соочува со лоши економски показатели и голема невработеност и после 10 години се соочува со истиот проблем. Во текот на ова декада владата поставуваше неколку рокови за поставување на еколошки филтри за најголемите загадувачи, но само еден мал дел од нив ги испочитуваа. Последниот рок беше 31 октомври, кога Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) требаше да стави клуч кај сите загадувачи кои не започнале процедура за инсталација на филтрите согласно законот. Но, еден ден подоцна на заедничка прес-конференција во Скопје се појавија заменик-премиерот за економски прашања Владимир Пешевски, и министерот за МЖСПП Нурхан Изаири со добра вест за загадувачите: рокот за Југохром се продолжува уште за...

Велешкиот воздух и почвите трајно „богати“ со метали

автор: Бојан Шашевски Воздухот, почвата и зеленчукот во Велес се комплетно контаминирани со токсични метали! Последните истражувања на тимот на реномираниот професор Трајче Стафилов од Институтот по хемија покажуваат поразувачки резултати — луѓето околу згаснатата Топилница за олово и цинк и незаштитената депонија за трошка дишат воздух што е и над 10 пати над дозволеното, а јадат зеленчуци со присуство на тешки метали. Резултатите го потврдуваат децениското труење на градот во срцето на Македонија. Научниците и еколозите бараат институција што ќе подвлече строга линија, ќе го тргне зеленчукот од слободна продажба, ќе се произнесе со поеколошка алтернатива и ќе спроведе подолготраен проект против аерозагадувањето.   „Најзагрижувачки податоци се забележани во примероците од мов, од куќите и зеленчуците од Велес и Повардарјето. За да видиме каква е состојбата со загадувањето на воздухот, собравме примероци од 25 куќи од различни локации...

ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ

Дубаи е дестинација, која македонските граѓани можат да ја посетат за само 140 евра и тоа со авионски превоз. Пратениците од Гевгелија, Охрид и Струга, за едно патување до Скопје наплаќаат од собранискиот буџет од 6.000 до 8.000 денари. Дубаи од Скопје е оддалечен околу 5.000 километри, а од Гевгелија до Скопје е 30 пати помалку, односно 170 километри. Тоа не им смета на нашите пратеници од внатрешноста да наплатат за оваа дестинација речиси исто колку што би потрошиле македонските граѓани за авионскиот лет до Дубаи. За неполна година, само за првите 11 месеци на 2014 година за патни трошоци на пратениците се исплатени околу 1 милион евра, а нивните привилегии од неодамна се збогатени и со правото да користат повисоки дневници за патување во странство.   Според новите уредби за 2015 година, ќе се пресметува 50% од вредноста на дневниците за патување во странство. Ова е зголемување од претходните години, кога за службен...

Сведоштва на армиски Скорпиони: „Лепеза“ е голема измама – не добив ни лиценца, ни работа!

автор: Стојанка Митреска          Зоран Карадаковски, поранешeн армиски скорпион, тврди дека бил изигран во Лепеза“, програма на македонското Министерството за одбрана, поддржана од Кралството Норвешка, и дека не ја добил заслужената лиценца за обезбедување, иако посетувал предавања во касарната во Штип, во која е сместен еден од трите центри на македонско – норвешкиот проект за преквалификација на воениот кадар.   Карадаковски пред завршувањето на војничката кариера во АРМ, вели дека како и многу негови колеги бил на обука во рамки на програмата „Лепеза“ за да добие лиценца за обезбедување. За документот ( лиценца) издаден од Комората на Република Македонија за обезбедување на лица и имот што сега го поседува Карадаковски тврди дека си платил од свој џеб, наместо, како што му било објаснето, трошокот да биде покриен од норвешката донација. Поранешниот армиски скорпион бара од одговорните во „Лепеза“ да...

Оставете коментар

коментар(и)