Се празни Македонија, се бега од сиромаштијата
автор: Арта Тахири Луѓето се иселуваат, бидејќи бараат решенија. Одат онаму каде што можат да најдат работа и да обезбедат подостоинствен живот за себе и за своето семејство, велат експертите во Скопје. Жителите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија, мигрираат кон земјите од Европската унија (ЕУ). Овој феномен ја зафати не само Македонија, туку и Косово. Во последниве денови најчестите телевизиски глетки во Косово се “реки” од луѓе кои тргнуваат кон Европа, длабоко разочарани од владата, но со надеж дека Западот ќе им донесе подобар живот во иднина. Куштрим Садику, новинар на телевизијата Клан Косова, за Инбокс 7 вели дека владата и другите институции на Косово не објавиле некоја точна бројка на Косоварите, кои ја бараат својата среќа во земјите на Европската унија, како бегалци или лица кои бараат азил. Меѓутоа, според него, она...