
Автор: Љубица Иванова Директорот на Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС), Фејзула Спахија, во телефонски разговор за СКУП ни откри дека следува казна за фирмата „Екоцентар 97“. „Санкции за Екоцентар 97 ќе има“, изјави тој. Најавената казна е заради хаваријата која се случи во почетокот на месецот фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Имено, при миење на резервоар, во кој имало остатоци од опасни хемикалии се излеа вода и во близина на фабриката била почувствувана непријатна миризба. Овој настан крена многу прашина, при што граѓани, институции, фирми, еколошки активисти се кренаа на нозе и бараат одговори и одговорност. Резултати од мерењата и анализите се уште не се достапни за јавноста, но на самиот ден на инцидентот, граѓаните пријавуваа печење на очи, чешење, отежнато дишење. ПОВЕЌЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ЗА КАЗНУВАЊЕ Директорот на ДИЖС, Спахија,...