Невладини организации ќе ги контролираат општините и во Источна Македонија
Ангела Рајчевска Невладината организација Ехо од Штип и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци ќе го мониторираат работењето на општините во Источниот плански регион. Тие треба да го споредат работењето на локалните самоуправи во делот на спроведувањето на Сигма стандардите адаптирани на локално ниво за добро управување на општините, поставени од Европската Унија. Овие организации имаат капацитети за спроведување на оваа евалуација смета Ивана Ќуркчиева, од Центарот за управување на промени кој е организација носител на проектот на Европската Унија за спроведување Сигма стандардите. ,,Биравме организации од различни региони со цел децентрализација, потикнување и јакнење на капацитетите на помалите граѓански организации во Македонија. Целта е да ги зајакнеме капацитетите на граѓанските организации и да ги поттикнеме на поголема иницијативност во однос на следење на јавната администрација заради нејзино подобрување“ вели Ќуркчиева од Центарот за управување со промени. За Бети...