
Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, објавува: О Г Л А С за пријавување на практиканти волонтери од областа на новинарството Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, има потреба од двајца практиканти/волонтери од областа на новинарството ( пишување на информативни содржини, вести,извештаи, стории, колумни исл.) Огласот ќе трае во период од 15.08.2016-31.08.2016 година, со тоа што избраните кандитати би почнале со практиканството/волонтерството од 01.09.2016 година до 30.09.2016 година, со можност за продолжување на подолг период за работа на проект. Пријавените кандидати треба да имаат завршено најмалку средно образование- ССС или факултет-ВСС, а предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено студии по новинарство, или се уште студираат во наведената област. –За почетниот период од практикантската/волонтерска работа, не е предвиден никаков надомест. Ги молиме сите заинтересирани кандидати, своите апликации во форма...