Статии напишани од Администратор:

  • СКУП член на Советот за етика

    Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија се најде на регистарот за професионални онлајн медиуми кој го изработија Здружението на новинари на Република Северна Македонија во соработка со Советот за етика во медиуми. Регистарот засега опфаќа 72-ва онлајн медиуми и истиот од јануари ќе биде достапен како веб-платформа www.promedia.mk , на која ќе има детали за сите членки.
  • Дополнување на објавената информација за висината на потрошените средства за репрезентација на Општина Струмица

    Почитувани, Во врска со Истражувањето на СКУП, за трошоците на Општина Струмица за репрезентација, чуствуваме обврска и потреба да ги дополниме објавените информации со цел целосно и правилно информирање на јавноста. Имено, oбјавената информација за висината на потрошени средства за репрезентација е резултат на синтетичкото сметководство на Општина Струмица и вклучува трошоци за храна, пијалоци, превоз, хотелско сместување, изнајмување на сали, опрема, печатарски услуги, обезбедување, хонорари и надоместоци за...
  • Новогодишната елка на даски, плоштадот пак ќе се копа по празниците

    Плоштад Македонија – најпрометното, но и едно од најреновираните места во градот. Простор каде што се одржале многу манифестации, собири, концерти, пречеци на спортисти, но и дочеци на Новата година. Воедно, ова место е омилено за локалните власти. Секој оној, кој што ќе седне на општинското столче ужива во креирањето планови за промена на неговиот изглед. Па така, за реконструкциите на плоштадот „Македонија“ во Скопје – за десет години...
  • Плоштадот „Македонија“ блесна во досега, најскапото новогодишно руво.

    Градоначалникот Петре Шилегов, во петокот, го најави отворањето на Винтерленд 2020 година. Годинава за изработка и реализација на проектот за украсување и декорирање по повод Нова година, беа потрошени рекордни 285.886 евра, што претставува и најскапо новогодишно украсување досега. Како и изминативе неколку години, така и годинава, фирмата „Линк Медиа Плус“ го доби тендерот за украсување, чиј нарачател е Град Скопје.   Christmas InfographicInfogram
  • ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, СТРУМИЦА РЕКОРДЕР

    Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини три години потрошиле 2.2 милиони евра. Општина Струмица рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини, следена од Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров.  За 2018 година, највисок тендер за репрезентација има склучено општина Ѓорче Петров. Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност...
  • ОДРЕДЕНА КАЗНАТА ЗА ФИРМАТА „ЕКОЦЕНТАР 97“

    Пишува: Љубица Иванова Одредена е казната за фирмата „Екоцентар 97“ заради хаваријата која се случи во почетокот на претходниот месец во фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Од Министерство за животна средина велат дека казната е парична и изнесува 3 илјади евра. „За постапување по недолжно внимание, врз основа на Законот за управување со отпад чл.139, став 1 точка 3, во врска...
  • БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ СО ПАРИ

    Автор: Љубица Иванова Изминативе неколку денови, најчестите коменари меѓу највозрасните граѓани се однесуваат на во еден ден потрошените термини, а всушност потрошените бесплатни вакцини што ги најави Министерството за здравство како превентива од традиционалните вируси од грипозни заболувања во овој период од годината. Во Центарот за јавно здравје во Скопје наидовме на полупразни ходници. Термини нема, а нема ни гужви. Каде толку бргу, за ден, два се потрошија најавените...
  • Интервју Филип Темелковски: Десетици години наназад не е истражено каде се и зошто фалат шините и цевките во Охис

    Со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, разговаравме за актуелните случувања во Охис. Разговарала: Љубица Иванова Градоначалникот открива дека во текот на денот повеќе од луѓето кои  го побарале имале намера да заминат, да се исселат, иако според информациите кои нему му биле пренесени од надлежни, немаше простор за паника, бидејќи како што тој вели според основните информации  и врз основа на тоа што е истурено (метил акрилат), проценети...