Шверцот на песок ја чини државата над 30 милиони евра годишно

Пишува: Горан Лефков Езеро од 30 хектари. Жална слика во Средно Коњаре, Скопско. Шверцерите го изместиле целото корито на реката за да и го извадат песокот. Дрвата се исечени, а реката е оставена без неопходниот појас на шуми. Голготата на Пчиња на овој потег започнува во 2010 година, кога помеѓу два изборни циклуси, на фирма од Долно Коњаре и се дава концесија за експлоатација на минерални суровини од власта на Никола Груевски. „Ова е крадење на песок. Крадење од тоа што им припаѓа на граѓаните кои живеат во околните места. Ова беше расадник под концесија го зеде еден бизнисмен во 1997 година. За прв пат беше инсталиран систем капка по капка во него. Тој работеше овде до 2010 година. Сега ова е една дупка, провалија длабока неколку метри и се што има од земјиште е уништено“, вели Халиме Емини,...

Вода за струја има, за пиење нема

Горан Лефков Блатец е познато село во Виничко. Прекрасно место во подножјето на Плачковица. Убави шуми, недопрена природа, убави реки, два рибни ресторани. Оваа убавина на природата сакаат да ја уништат грст профитери. Државата им дала на приватни компании концесија да им ја зафатат водата и да прават профит. „Ова е мала река. Има мал проток на вода и во лето е уште помал. Со зафаќањето на водите за хидроцентрала, нам ќе ни ја земат водата за пиење, вели Блаже Анакиевски, активист на одборот за спас на Блатешка река. Тој додава дека компанијата инвеститор веќе доаѓала на терен, но граѓаните се спротивставиле на изградбата на оваа мала хидроелектрана. Тие не сакаат да никне хидроелектрана од две причини. Прво ќе им ја зафатат водата, второ и тоа што ќе остане ќе ја загадат и ќе го уништат живиот свет. Единствената...

И загадуваат, и ги плаќаме: Од малите хидроелектрани ќар имаат само сопствениците

Автор: Линда Адеми Иако прогласена за Национален парк, Шар Планина сè уште не е доволно заштитено подрачје. Причина – бројот на мали хидроелектрани, кои постепено ги уништуваат реките и ја загадуваат водата за пиење. Овие мали хидроцентрали се субвенционирани од државата, иако нивниот придонес во националниот енергетски систем е незначаен. Според податоците кои ги доби СКУП, овие хидроелектрани произведуваат само 4,6 отсто од вкупното производство на електрична енергија, но, од друга страна, од државниот буџет секоја година во просек добиваат по 9 милиони евра. Овие средства се собираат од граѓаните преку сметките кои ги плаќаат за струја. Поточно, околу 6 проценти од сите тие сметки кои ги плаќаат граѓаните одат за субвенционирање на обновливи извори на енергија. Од 2010 година до ноември 2020 година, од буџетски пари, на сметките на компаниите кои поседуваат мали хидроелектрани се одлеале над 90...

Скопје руши рекорди во загадување, економско загревање по цена на загаден воздух

Дана Ламбевска И покрај најавените мерки за намалување на аерозагадувањето, Скопје и натаму руши рекорди во регионот. Во ноември Скопје стана познат како еден од десетте најзагадени градови во светот, а државава се рангираше на 34-тото место на листата на најзагадени земји во светот за периодот од 2018 до 2021 година. Скоро и да нема ден кога во државава нема евидентирано зголемен степен на загадување, иако во претходниот период беа најавени низа мерки за субвенционирање со обновливи извори на енергија, клими, субвенции за греење на пелети…Се субвенционираше купување на инвертори за загревање, користење на соларни панели, се даваа субвенции за велосипеди, тротинети.  Но, со почеток на енергетската криза сето ова падна во вода. Борбата за енергенси ја засени битката против аерозагадувањето. Мерењата покажуваат дека вредностите посебно во однос на штетните ПМ 10 и ПМ 2.5 честички се намалени во однос на...

Mакедонија изгубила скоро 5,5 отсто од шумскиот фонд

Последните 7 години се инвестирани околу половина милион евра во заштита на шумите во Македонија. Ако се спореди со дивата сеча и продажба на дрва во земјава која според експертите се цени на 140 милиони евра годишно. А, само мината и предмината година, штетите од пожарите надминаа 60 милиони евра. Според Државниот завод за статистика во 2020 и 2019 година воопшто не се инвестирани средства во заштита на шумскиот фонд во државава, додека најмногу финансии во инвестиции и трошоци за заштита на шумите биле вложени во 2015 година, 193.000 евра и 2018 година, кога севкупните инвестиции за пошумување биле 176.000 евра Шумите покриваат околу 38.5% (988.835 ha) од површината на земјата, каде доминираат листопадните шумски видови (58%), потоа мешаните шуми (30 %), па иглолисните (7%), а најмалку присутни се деградираните шуми (5%). Околу 90% од шумите се во државна...

„ШИРОК КОНСЕНЗСУС“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА КОЧАНИ: ПРОФИТОТ ПОВАЖЕН ОД ЗДРАВЈЕТО

Пишува: Горан Лефков Кочани до скоро важеше за најчиста урбана средина во Македонија. Со околу 30 илјади жители, градот лежи на Кочанското поле, познато по квалитетниот ориз и термалните води. Овој град од источна Македонија беше синоним на здравата средина, чистиот воздух и бистрата вода. Се се смени кога во 2016 година повторно почна да работи фабриката за хартија „Пејпер Мил“. Од тој ден градот е претворен во депонија за хартија. Загадувањето од е енормно, а тоа го покажуваат и резултатите од анализите, до кои дојде СКУП. ДОЗВОЛЕНО Е ДО 500, А НИВОТО НА ЈАГЛЕН МОНОКСИД ДОСТИГНУВА И ДО 1.5000 Вредности од 600 до 15.000 милиграми на Јаглерод моноксид е маргината во која се движи мерењата од различни акредитирани лаборатории во Македонија и Бугарија. Иако според А- интегрираната еколошка дозвола овие вредности не смеат да надминат 500 милиграми Јаглерод...

Оставете коментар

коментар(и)