
Автор: Влатко СТОЈАНОВСКИ Во сопственичката структура на 408 компании се јавуваат други правни субјекти со седиште во вкупно 28 странски држави, кои, како што објавивме во првиот дел од серијалот посветен на офшор фирмите во земјава, претежно се европски специфични јурисдикции, но меѓу нив се сретнуваат и безмалку сите далечни даночни оази што нудат највисок степен на дискреција. Во ова продолжение, пак, откриваме за кои компании станува збор – каков е нивниот статус, со што се занимаваат, кои лица и субјекти фигураат во нивната сопственичка структура итн. Од обемните податоци што ги обезбедивме од Централниот регистар произлегува дека многу од веќе утврдените офшор компании се јавуваат како сопственици на други компании во државава, кои пак често водат кон трети фирми. Иако за помал дел од нив се води стечајна постапка, друг дел се деловно неактивни, сепак, најмногу од нив...