Мистеријата на зградата на Телеком: во центарот на Скопје, а „невидлива“ за институциите

Општина Центар нема никаква архива за зградата на Телеком, впечатлива осумкатница во Центарот на Скопје. Изградена веднаш до Камениот мост и лоцирана на самиот плоштад Македонија, оваа зграда е обвиткана со мистерија. Освен страните, никој не знае за колку пари е купено земјиштето, колку данок е платено за оваа зграда и колкави комунални давачки се платени за нејзе. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски дури не знае која зграда е на Телеком. „Во архивата на општина Центар нема архивска кутија за посочениот објект, односно нема никакви материјали, списи како би можеле службите од Урбанизмот на општина Центар да ви одговорат на вашите прашања“, се вели во официјалниот одговор од Општина Центар на барањето кое СКУП-Македонија го постави користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според познавачите на локалните закони кои ги консултираше СКУП, Општина...

Дигитализација: Попримамливи странските канали, домашните немаат ниту телетекст

Жителите на демирхисарското Ново Село немаат голем избор на своите ТВ-приемници, па информациите за тоа што се случува надвор од нивното место на живеење ги дознаваат само преку трите програми на МРТВ, вклучувајќи го и собранискиот канал. Иако имаат набавено уред за прием и на другите национални канали, чиј сигнал би требало да стигнува и до нивните домови, сепак таа услуга не ја добиваат. Но, тие не се единствените. Според кажувањата на жители што живеат и во други рурални средини, и тие не се задоволни од понудата што требаше да стигне со дигитализацијата, која се најавуваше како револуција во телевизиската понуда. А се најавуваше многу: титлување на повеќе јазици, побрз телетекст, плаќање од дома, електронски програмски водич, интерактивна телевизија… Иако се очекуваше да придонесе за подобрување на медиумскиот плурализам, дигитализацијата на телевизијата во Македонија, се чини, не ја исполни...

СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра

  ДОКУМЕНТАЦИЈА1  ДОКУМЕНТАЦИЈА2 Aлармот на телефонот за Сашко од Кочанско ѕвони точно во 5 и 10, време кога станува за да се подготвува за уште еден работен ден. Тој е работник во една од странските инвестиции во Источна Македонија, каде денот треба да му донесе дневница од 500 денари. „Заработувам 12.000 денари плата. Работам 25 дена месечно, тоа значи секоја сабота. Една недела прва, другата втора, па трета смена“, се жали 33 годишниот кочанчанец. Сашко работи 8 часа дневно, а месечно прави 200 работни часови. „200 саати за 200 евра“, огорчено коментира Сашко. Тој на последните парламентарни избори, го дал својот глас некој да го застапува во парламентот. Неговиот пратеник заработил 200 евра истотака, но за разлика од Сашко, неговиот пратеник тие пари ги заработил само за 1 ден. Според анализите на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија, при...

Министерски примања: Половина милион евра само за плати

  ДОКУМЕНТАЦИЈА   Стотриесет и три илјади денари или нешто повеќе од 2000 евра е платата со која екс-премиерот Никола Груевски го напушти премиерското столче на Илинденска бб. Иако, ова не е највисоката сума споредено со другите функции во државата, што не ја прави исклучително ексклузивна, уникатно е тоа што единствено кај нас е вистински подвиг да се дојде до една ваква навидум обична информација која во соседните земји може да ја дознаете со два клика. Секаде во регионов платите на министрите и воопшто функционерите се јавни информации кои можат да се најдат на сајтовите на тамошните Агенции за борба против корупцијата или комисиите за спречување конфликт на интереси. Тука, кај нас, нам ни беа потребни два месеци за да го докажуваме јавниот интерес пред институциите и преку жалби да дојдеме до основната информација-колку нé чинат министрите? Највисока плата...

Предизборни вработувања: Повеќе од 1000 нови комуналци за само две години

ДОКУМЕНТАЦИЈА   Застарена машинерија, намалена ефикасност и незадоволни граѓани. Ова е сликата на комуналните претпријатија, кај кои изгледа дека ништо не се менува, освен бројот на вработените. Истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија покажа деказа секои избори бројот на комуналци се зголемува. Така во 2005 година во комуналните претпријатија работат 6.034 комуналци, во 2008 и 2009 во очи на локалните избори се вработени дополнителни 1.000 луѓе. Повеќе од 1.000 луѓе се вработени и пред локалните избори 2013 и парламентарните избори 2014 година. Користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер испративме барања до сите комунални претпријатија преку општините кои се нивни основачи, а одговор добивме од 61 општинa.Вкупниот број на жители кои живеат во општините кои доставиле одговори е 1.715.000. „Причините за ваквите состојби треба да се бараат во политиката“, смета Јане Вртески, менаџмент...

За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија

Пратеникот во Македонското собрание од изборната единица Азија и Австралија, Васко Наумовски, е скоро непознат за домашната јавност. Ретко се појавува за излагање, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање. Но, ако се суди според сумите кои ги наплатил за да патува низ државава, очигледно тој повеќе е активен надвор, на терен отколку во собраниското столче. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, дојде до податоци кои говорат дека Наумовски успеал да наплати неверојатни 971.474 денари, или 15.800 евра, од Собраниската благајна од октомври 2014 до октомври 2015 година за користење на сопствено возило за службени потреби во Македонија. Наумовски не беше достапен за да одговори на прашањата околу начинот како ги наплаќа овие пари. Експертите, пак, велат дека наплатата на патните трошоци од страна на Наумовски е...

Оставете коментар

коментар(и)