Бебиња умираат поради бирократски пречки (обновено: Детска клиника демантира)

Пишува: Саше Димовски   (Набрзо по објавувањето на овој текст, стигна демант од Детската клиника во Скопје. Демантот го објавуваме во целост на крајот на овој текст.)   Петар е младо, 30 годишно момче, од град во внатрешната на Македонија.   Се сретнавме за да ја раскаже голготата низ која поминал обидувајќи  се да обезбеди што поскоро транспорт за операција на неговото новороденче во Бугарија. Возбудено раскажува низ какви лавиринти поминал во тие 7 дена по раѓањето на неговото второ дете, кај кое, веднаш по раѓањето била откриена срцева маана и проблем со дишењето. Бебето на Петар е едно од 228 новороденчиња со срцеви проблеми или со проблеми со видот кои биле испратени на операција во странство од 2010 година до сега. Болнички трошоци по земји за период од 2011 – 2015 год. Земја 2011 2012 2013 2014 2015 Австрија...

ДРЖАВА НА БОГАТИТЕ ЛИДЕРИ

Скромна куќа со малку мебел, Волсфаген Буба од 1987 и останат имот кој вреди само 2 илјади американски долари. Ова е анкетниот лист на претседателот на Уругвај, Хосе Мујиса, кој е познат по титулата за најсиромашен претседател во светот. Во Македонија тешко може да се најде ваков скромен анкетен лист. Иако податоците кои се внесуваат не се комплетни, функционерите во Македонија сепак има со што да се „пофалат“. Полни банкарски сметки, орочени депозити, земјиште, акции, станови и куќи фигурираат како сопственост и на лидерите на најголемите политички партии во Македонија: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.     Груевски не поседува имот на свое име, но има куп картички и депозити   Претседателот на Владата, Никола Груевски, влезе на мала врата во македонската политика, како министер за економија, ресор кој скоро и да немаше буџет и основни средства за работа...

Се откриваат нови сведоци за злоупотреби во „Лепеза“, норвешката амбасада проверува

автор: Стојанка Митреска   Војникот Илија Тодев од Велес кој нема возачка довола, ниту пак било кога полагал во која било авто – школа во земјава и пошироко, тврди дека се нашол на списокот на војници кои добиле возачка дозвола  преку „Лепеза“,. Спротивно на случајот со Тодев, Инбокс 7 пред извесно време објави сторија за  војникот – Зоран Карадаковски од Велес, исто така поранешен скорпион, кој тврдеше дека посетувал часови организирани преку програмата „Лепеза“ за да добие лиценца за обезбедување, но дека тоа подоцна бил принуден лиценцата за обезбедување да  си ја плати од свој џеб. „Лепеза“ е програма на Министерството за одбрана (МО) за преквалификација на воениот кадар, финансиски и стручно поддржана од Кралството Норвешка. МО со норвешката помош и поддршка веќе осум години уште во времето кога ресорот одбрана го водеше Лазе Еленовски ја спроведува транзицијата на...

За една деценија, бројот на вработени во општините зголемен двојно

Превработеност во општините. Ова е првичниот заклучок од истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија. Од репрезентативен примерок од 10% од вкупниот број на општини во земјава, бројот на вработени е зголемен најмалку двојно, за 10 години. Број на вработени во репрезентативен примерок на општини во 2005 и 2014 година.   Општина Број на вработени во општината во 2005 година Број на вработени во општината во 2014 година Зголемување Берово 23 34 11 Богданци 13 22 9 Чашка 12 19 7 Демир Хисар 28 33 5 Карпош 123 299 176 Брвеница 12 24 12 Кривогаштани 5 21 16 Бутел 35 60 25 Јегуновце 11 22 11 Гостивар 82 124 42 Шуто Оризари 21 23 2 Могила 8 14 6 Илинден 11 40 29 Дојран 8 16 8 Лозово 4 13 9 Вкупно 396 764 368   Извор: Самите...

Слободните економски зони- обвиени во мистерија

автор: Наташа Стојановска текстот е оригинално објавен на порталот Фактор на 6 мај 2015 година   Во обидот да се привлечат што повеќе странски инвестиции, Владата не само што им нуди царински и даночни ослободувања, туку им се нуди и директна државна помош, преку субвенционирање на давачките за платите за вработените. Но, ниту една институција не обелоденува точно колку луѓе се вработени во фабриките што се дел од слободните економски зони и колкав е износот на олеснувањата што странските газди на фабриките ги добиле од државата конкретно за вработувањата? Податоците се чуваат како тајна, а токму една од призмите низ кои може да се видат ефектите од државната помош што странските компании ја добиваат во слободните економски зони е бројот на отворени работни места, потоа квалитетот на работните места (висина на плата, работно време, сигурност на работно место и...

Флерт со невладините: Исти организации секоја година добиваат народни пари

автор: Александар Димитриевски текстот е оригинално објавен во емисијата 360 степени на „Алсат М“ телевизија на 1 мај 2015 година     Владата на Република Македонија, согласно правната регулатива од крајот на 90-тите години, редовно ги поддржува здруженијата и фондациите. Распределбата на одредена количина на пари, преку владина одлука го прави и сегашната како што тоа го правеле и преходните гарнитури. Со годините, се отворија и различни фондови за поддршка. Така, денес пари на фондациите и здруженијата се даваат преку одделни министерства, општини и од барем две програми директно преку Владата. Во ова истражување, се фокусираме само на најголемата таква програма наречена „Трансфер до невладини организации наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации“ (стр 8). Таа има најдолга историја, преку неа се делат најмногу пари, но и самата е доволно комплексна за еден новинарски текст....

Оставете коментар

коментар(и)