Наместо за граѓаните, општините функционираат само за платите на администрацијата

Наместо власт поблиска до граѓаните, општините се повеќе стануваат институции кои функсионираат само за платите на администрацијата. Истражувањето на ЦИН СКУП Македонија покажа дека зголемувањето на бројот на вработени во локалната пред секој циклус на избори довела до ситуација повеќе општини да инкасираат даноци и остваруваат приходи само за платите на вработените. Многу малку средства им остануваат за асвалтирање улици, оддржување на паркови, за училиштата или пак за другите сфери значајни за граѓаните.   Платите ги „јадат“ парите за остварување на надлежностите   Неверојатни 71% од сопствениот буџет на Општина Долнени оди за плати на администрацијата. На платниот список во оваа мала Пелагониска општина се запишани 31 лице, од кои 27 на неопределено и 4 на определено време. За тоа како опстојува општината во вакви услови, се обидовме да стапиме во контакт со градоначалникот Боше Милошевски, но беше недостапен...

Партиски вработувања за нефункционални општини

Општина Ранковце е рекордер според бројот на вработени во Македонија. За 10 години, оваа општина го зголемила бројот на вработени за пет пати. Во 2005 година во општината имало 6 вработени, додека во 2014 нивниот број пораснал на 31 лице. Ист процес на вработување во изминативе 10 години како Ранковцеима и Општината Долнени. Но за разлика од Ранковце, оваа Пелагониска општина има 3 пати повеќе жители од Ранковце. Третото место, според растот на вработените во општинската администрација го држи општината Тетово. Таа од 2005 до 2014 година го зголемила бројот на вработени за 4,5 пати. Во Тетово половина од буџетот оди за плати на администрацијата. Според градоначалникот на Ранковце Момчило Алексовски, превработеноста го отежнува функционирањето. „Најголем товар ни е противпожарната единица. Имаме 9 пожарникари кои земаат плата од општинскиот буџет. Мора прво платите да се измират, па после за...

Бебиња умираат поради бирократски пречки (обновено: Детска клиника демантира)

Пишува: Саше Димовски   (Набрзо по објавувањето на овој текст, стигна демант од Детската клиника во Скопје. Демантот го објавуваме во целост на крајот на овој текст.)   Петар е младо, 30 годишно момче, од град во внатрешната на Македонија.   Се сретнавме за да ја раскаже голготата низ која поминал обидувајќи  се да обезбеди што поскоро транспорт за операција на неговото новороденче во Бугарија. Возбудено раскажува низ какви лавиринти поминал во тие 7 дена по раѓањето на неговото второ дете, кај кое, веднаш по раѓањето била откриена срцева маана и проблем со дишењето. Бебето на Петар е едно од 228 новороденчиња со срцеви проблеми или со проблеми со видот кои биле испратени на операција во странство од 2010 година до сега. Болнички трошоци по земји за период од 2011 – 2015 год. Земја 2011 2012 2013 2014 2015 Австрија...

ДРЖАВА НА БОГАТИТЕ ЛИДЕРИ

Скромна куќа со малку мебел, Волсфаген Буба од 1987 и останат имот кој вреди само 2 илјади американски долари. Ова е анкетниот лист на претседателот на Уругвај, Хосе Мујиса, кој е познат по титулата за најсиромашен претседател во светот. Во Македонија тешко може да се најде ваков скромен анкетен лист. Иако податоците кои се внесуваат не се комплетни, функционерите во Македонија сепак има со што да се „пофалат“. Полни банкарски сметки, орочени депозити, земјиште, акции, станови и куќи фигурираат како сопственост и на лидерите на најголемите политички партии во Македонија: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.     Груевски не поседува имот на свое име, но има куп картички и депозити   Претседателот на Владата, Никола Груевски, влезе на мала врата во македонската политика, како министер за економија, ресор кој скоро и да немаше буџет и основни средства за работа...

Се откриваат нови сведоци за злоупотреби во „Лепеза“, норвешката амбасада проверува

автор: Стојанка Митреска   Војникот Илија Тодев од Велес кој нема возачка довола, ниту пак било кога полагал во која било авто – школа во земјава и пошироко, тврди дека се нашол на списокот на војници кои добиле возачка дозвола  преку „Лепеза“,. Спротивно на случајот со Тодев, Инбокс 7 пред извесно време објави сторија за  војникот – Зоран Карадаковски од Велес, исто така поранешен скорпион, кој тврдеше дека посетувал часови организирани преку програмата „Лепеза“ за да добие лиценца за обезбедување, но дека тоа подоцна бил принуден лиценцата за обезбедување да  си ја плати од свој џеб. „Лепеза“ е програма на Министерството за одбрана (МО) за преквалификација на воениот кадар, финансиски и стручно поддржана од Кралството Норвешка. МО со норвешката помош и поддршка веќе осум години уште во времето кога ресорот одбрана го водеше Лазе Еленовски ја спроведува транзицијата на...

За една деценија, бројот на вработени во општините зголемен двојно

Превработеност во општините. Ова е првичниот заклучок од истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија. Од репрезентативен примерок од 10% од вкупниот број на општини во земјава, бројот на вработени е зголемен најмалку двојно, за 10 години. Број на вработени во репрезентативен примерок на општини во 2005 и 2014 година.   Општина Број на вработени во општината во 2005 година Број на вработени во општината во 2014 година Зголемување Берово 23 34 11 Богданци 13 22 9 Чашка 12 19 7 Демир Хисар 28 33 5 Карпош 123 299 176 Брвеница 12 24 12 Кривогаштани 5 21 16 Бутел 35 60 25 Јегуновце 11 22 11 Гостивар 82 124 42 Шуто Оризари 21 23 2 Могила 8 14 6 Илинден 11 40 29 Дојран 8 16 8 Лозово 4 13 9 Вкупно 396 764 368   Извор: Самите...

Оставете коментар

коментар(и)