
Проблематични се сопствениците на казината во Македонија. Со внесени стотици милиони евра на македонската граница со Грција, казината потсетуваат на коцкарските меки, како Макао, Естонија или Лас Вегас. Но, што кријат првите луѓе од коцкарската индустрија? Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија истражуваше за судирите со законот на сопствениците на храмовите на коцката во Македонија, казината Фламинго и Принцес, како продолжение на истражувањето, кој е кој во овој бизнис. СКАНДАЛИТЕ НА НОВОМАТИК Најголемата светска компанија на игри на среќа Новоматик Аг, со седиште во Австрија, е инволвирана во неколку афери во земјите каде делува. Според Блумберг, „казината во Парагвај, Перу и Јужна Африка – земји каде Новоматик делува – беа одбележени од страна на САД како цевки за перење пари од страна на криминалните шефови и бароните на дрогата“. Неколку афери се вртат и околу бившите клучни...