Хаотично спроведување на регулативата за Б-интегрирана еколошка дозвола

автор: Горан Лефков   Законодавството за имплементација на Б-интегрираните еколошки дозволи доживеа целосен дебакл во Македонија. Се обидовме да дознаеме колку Б-интегрирани еколошки дозволи се издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, но оттаму не одговараат. Користејќи го Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се обидовме да добиеме податоци од општините што се одговорни за издавање Б-интегрираните еколошки дозволи, но само 40-ина општини одговорија, од вкупно 80. Град Скопје е надлежен за издавање на Б-интегрираните еколошки дозволи за скопските општини, но оттаму не добивме податоци за тоа колку дозволи се издадени досега. И по 10 години од донесување на уредбата за имплементирање на Б-интегрираните еколошки дозволи, експертите се сомневаат дека општините имаат капацитет за оваа регулатива. „Во многу локални самоуправи, општинскиот инспекторат нема капацитет и знаење за да ги имплементира уредбите за Б-интегрираните еколошки...

ЗДРАВСТВОТО ВО КАНЏИТЕ НА БИРОКРАТИЈАТА

Пишува: Љубиша АРСИЌ   Во првите 12 часа на 4 ноември (петок), електронскиот систем на „Мој термин“ регистрираше околу 20 илјади упати за пациенти и повеќе од 60 илјади издадени рецепти. Податоците, на прегледен начин, со промени од секунда во секунда, се презентираат секојдневно на livedashboard.zdravstvo.com.mk, страница посветена на „Мој термин“, а потпишана од Министерството за здравство. Ако неколку дена ги следите податоците, ќе забележите дека постојано бројките се во десетици илјади, и тие за упати и тие за рецепти, а од дијагнозите најмногу се повторуваат неколку. Доминира дијагнозата со ознака I10 (И10) или покачен крвен притисок без утврдено потекло, потоа N40 (Н40) или хиперплазија на простата, Е10 поврзана со шеќерот и инсулинот, R10 (Р10) со болки во стомакот. Овие он лајн-податоци можат да послужат за точно следење на здравјето на пациентите, односно за утврдување на листата со најбројни...

Економски промотори: Големи трошоци, мали резултати

Кога првиот економски промотор Димче Николов беше пратен во Италија, надежта дека земјата конечно ќе стане привлечна дестинација за инвестиции беше голема. Кон крајот на јануари 2008 година се забележаа првите контакти на Николов со италијански компании, каде тој се обидел да ги убеди инвеститорите дека Македонија е пријателски настроена кон странскиот капитал. Денеска Македонија брои 33 економски промотори кои се распространети низ поразвиените земји и региони на светот, и истите државата ги плаќа од 2.500 до 3.000 евра месечно. Во целиот систем за привлекување на странски инвестиции се ангажирани 200 вработени, пет министри или вкупно 12 владини функционери. Сепак, земјата сеуште е на дното на листата на земјите од регионот според странски директни инвестиции. Во извештајот на Еуростат за финансиските перформанси на земјите аспиранти за членство во Европската унија, се вели дека нивото на странските инвестиции во Босна...

Општините „се вадат“ на немање услови за вработување на инвалидизираните

Пред околу две децении, 40-годишниот Зоран Јовановски од Струмица останал траен инвалид заради повреди здобиени во несреќен случај. Од тогаш тој морал да се приспособува на новиот начин на живот, при што, наместо нозете, за движење користи инвалидска количка.  Од тој трагичен момент ги искусил сите премрежја во животот. Во неговиот алманах на битки се слики од такси комапнијата што морал да ја затвори, па останал без работа и егзистенција, до бројните спортски игри на кои учествувал. Во спортот освоил значителни резултати – прво место во трка со инвалидска количка, фрлање на диск, ѓуле и копје, трето место во стрелање со воздушна пушка, прво место во пинг – понг. На меѓународен натпревар  на параплегија и квадриплегија во Србија освоил трето место во дисциплина фрлање диск и копје. Јовановски сега е еден од членовите од Здружението на лица со телесен...

Поплави: Нетранспарентни постапки за нечисти канали

Урнатините на дворот сè уште му будат лоши спомени на Златко Јовевски од Смилковце. Неговата куќа е скоро уништена од поплавите во почетокот на август, но и дополнително оштетена од неодамнешните серија земјотреси. Жителите од ова место на периферијата од Скопје, пред само еден месец, ги видоа буиците што однесоа човечки животи, па го почуствуваа и земјотресот што на многу од скопјаните им го всади стравот од нова несреќа. За така кусо време ова стана топ-вест во светот, со бројот на жртвите, но и епицентарот на серијата скопски земјотреси.   “Куќата ми е целосно уништена. Во поплавата на 6 август ги изгубив  најблиските. Мајка ми ја нaјдов на 500 метри  од куќата, а сестра ми дури во Стајковци“, вели Јовевски, не можејќи да се смири со трагедијата која му го упропасти животот. Тој не верува дека некој друг во...

Сточарите со огромни загуби: нема помош ниту за затрупување на животните

Ужасни слики и неверување владее кај сточарите на Плачковица. Беспомошно апелираат повеќе од два месеци до Агенцијата за храна и ветеринарство да набави вакцини, но од вакцини за нивната општина нема ниту трага ниту глас.     Стадото на Емин секојдневно се намалува. Говедата зафатени со болеста „Јазлеста кожа“ добиваат воспаление на кожата, покачена телесна температура и бегаат во реките и доловита на Плачковица каде е поладно и таму умираат. Емин вели дека дури не не може да ги пронајде нивните тела. Додека Агенцијата за храна и ветеринарство одби да одговори на нашите прашања, жителите велат дека постои опасност од загадување на водите со зарази од загинатите животни. „Во село Парналија од околу 1.300 говеда вакцинирани се дали 50-тина. А неколку стотини веќе се зафатени од болеста и им нема траг“, вели Емин Мустафов од Парналија. Покрај тоа што...

Оставете коментар

коментар(и)