Бизнис и политика во медиумите: Можни ли се реформи?

ДОКУМЕНТАЦИЈА     Кога во пролетта на 1996-та излезе првиот број на независниот дневен весник “Дневник”, тогашната власт беше свесна дека доаѓа времето на медиуми кои нема да може да ги контролира. “Дневник” а потоа и приватната телевизија „А1“ набргу станаа влијателни медиуми, превземајќи ја моќта за креирање на јавното мислење од тогашните медиуми кои беа во државна сопственост – весниците “Нова Македонија”, “Вечер”, “Флака” и Македонската Радио-телевизија (МРТВ). Засилувањето на позицијата на приватните-независни медиуми ги однесе во целосен банкрот медиумите кои неколку децении наназад беа формирани и контролирани од државата. Поради тоа, државата реши да ги продаде весниците кои беа во нејзина сопственост, додека МРТВ да ја трансформира од државен во јавен сервис. Без темелни промени во политичкиот систем, малку нешто може да се промени во сферата на медиумите. Предлозите на посредникот Ванхоуте се издржани и даваат надеж...

СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)

Кавга за државно земјиште во Вевчани. Околу 267 хектари под Стручкото село Вевчани има двајца закупци. Земјиштето е во државна сопственост, а Министерството за земјоделство истото го нуди на двајца сопственици. Прво по јавен повик, кој се распишува во ситуација кога државното земјиште е веќе засадено, а тој земјоделец го нема добиено под закуп, а после истото земјиште е дадено на јавен оглас. На јавениот повик се јавува фирмата „Еко проект“, управувана од Маја Алуалоска, ќерка ма Митре Алулоски од Вевчани. На земјиштето во 2009 година се засадени лешници, а подоцна е спроведен и систем капка по капка. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тогаш раководено од Љупчо Димовски, сегашен пратеник од Социјалистичката партија, му одобрува на Митре Алулоски и неговата ќерка да го земат под закуп земјиштето под селото Вевчани. Му испраќа договор за закуп, кој семејството Алулоски...

Мистеријата на зградата на Телеком: во центарот на Скопје, а „невидлива“ за институциите

Општина Центар нема никаква архива за зградата на Телеком, впечатлива осумкатница во Центарот на Скопје. Изградена веднаш до Камениот мост и лоцирана на самиот плоштад Македонија, оваа зграда е обвиткана со мистерија. Освен страните, никој не знае за колку пари е купено земјиштето, колку данок е платено за оваа зграда и колкави комунални давачки се платени за нејзе. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски дури не знае која зграда е на Телеком. „Во архивата на општина Центар нема архивска кутија за посочениот објект, односно нема никакви материјали, списи како би можеле службите од Урбанизмот на општина Центар да ви одговорат на вашите прашања“, се вели во официјалниот одговор од Општина Центар на барањето кое СКУП-Македонија го постави користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според познавачите на локалните закони кои ги консултираше СКУП, Општина...

Дигитализација: Попримамливи странските канали, домашните немаат ниту телетекст

Жителите на демирхисарското Ново Село немаат голем избор на своите ТВ-приемници, па информациите за тоа што се случува надвор од нивното место на живеење ги дознаваат само преку трите програми на МРТВ, вклучувајќи го и собранискиот канал. Иако имаат набавено уред за прием и на другите национални канали, чиј сигнал би требало да стигнува и до нивните домови, сепак таа услуга не ја добиваат. Но, тие не се единствените. Според кажувањата на жители што живеат и во други рурални средини, и тие не се задоволни од понудата што требаше да стигне со дигитализацијата, која се најавуваше како револуција во телевизиската понуда. А се најавуваше многу: титлување на повеќе јазици, побрз телетекст, плаќање од дома, електронски програмски водич, интерактивна телевизија… Иако се очекуваше да придонесе за подобрување на медиумскиот плурализам, дигитализацијата на телевизијата во Македонија, се чини, не ја исполни...

СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра

  ДОКУМЕНТАЦИЈА1  ДОКУМЕНТАЦИЈА2 Aлармот на телефонот за Сашко од Кочанско ѕвони точно во 5 и 10, време кога станува за да се подготвува за уште еден работен ден. Тој е работник во една од странските инвестиции во Источна Македонија, каде денот треба да му донесе дневница од 500 денари. „Заработувам 12.000 денари плата. Работам 25 дена месечно, тоа значи секоја сабота. Една недела прва, другата втора, па трета смена“, се жали 33 годишниот кочанчанец. Сашко работи 8 часа дневно, а месечно прави 200 работни часови. „200 саати за 200 евра“, огорчено коментира Сашко. Тој на последните парламентарни избори, го дал својот глас некој да го застапува во парламентот. Неговиот пратеник заработил 200 евра истотака, но за разлика од Сашко, неговиот пратеник тие пари ги заработил само за 1 ден. Според анализите на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија, при...

Министерски примања: Половина милион евра само за плати

  ДОКУМЕНТАЦИЈА   Стотриесет и три илјади денари или нешто повеќе од 2000 евра е платата со која екс-премиерот Никола Груевски го напушти премиерското столче на Илинденска бб. Иако, ова не е највисоката сума споредено со другите функции во државата, што не ја прави исклучително ексклузивна, уникатно е тоа што единствено кај нас е вистински подвиг да се дојде до една ваква навидум обична информација која во соседните земји може да ја дознаете со два клика. Секаде во регионов платите на министрите и воопшто функционерите се јавни информации кои можат да се најдат на сајтовите на тамошните Агенции за борба против корупцијата или комисиите за спречување конфликт на интереси. Тука, кај нас, нам ни беа потребни два месеци за да го докажуваме јавниот интерес пред институциите и преку жалби да дојдеме до основната информација-колку нé чинат министрите? Највисока плата...

Оставете коментар

коментар(и)