
Распаднати кровови и подови. Распаднати ѕидишта, руинирани објекти. Ова е сликата за македонските студентски домови. Оваа слика, е и синоним за македонскиот студентски стандард. СКУП Македонија, направи истражување за студентската живеачка во Македонија, во однос на другите земји од Балканот. За оваа намена споредивме неколку параметри на студентскиот стандард во Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и Словенија. Тие се земји, што географски и според развојот се најблиски до нас. Во сите споредби, нашите студенти, живеат многу помизерно од сите останати студенти во главните градови на Балканот. Четири студенти земаат како еден пензионер Просечната пензија во Македонија е 12.000 денари и Владата на премиерот Никола Груевски, ја има зголемено за над 70% за 9 години. Државата за студентите издвојува само 3.300 денари. „Оваа Влада мисли само на пензионерите, додека за студентите не дава 5 пари. Висината на стипендиите...