ПРОБЛЕМАТИЧНИТЕ ИГРАЧИ ВО КАЗИНО-БИЗНИСОТ

Проблематични се сопствениците на казината во Македонија. Со внесени стотици милиони евра на македонската граница со Грција, казината потсетуваат на коцкарските меки, како Макао, Естонија или Лас Вегас. Но, што кријат првите луѓе од коцкарската индустрија? Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија истражуваше за судирите со законот на сопствениците на храмовите на коцката во Македонија, казината Фламинго и Принцес, како продолжение на истражувањето, кој е кој во овој бизнис.   СКАНДАЛИТЕ НА НОВОМАТИК   Најголемата светска компанија на игри на среќа Новоматик Аг, со седиште во Австрија, е инволвирана во неколку афери во земјите каде делува. Според Блумберг, „казината во Парагвај, Перу и Јужна Африка – земји каде Новоматик делува – беа одбележени од страна на САД како цевки за перење пари од страна на криминалните шефови и бароните на дрогата“. Неколку афери се вртат и околу бившите клучни...

Македонија станува балкански Лас Вегас: низок стандард и пренагласено коцкање

  ДОКУМЕНТАЦИЈА (Забелешка: Документите за сите компании се прикачени на линкови на нивните имиња. За да ги видите кликнете на линкот ДОКУМЕНТАЦИЈА )     Македонија е на дното на листата на балканските земји според странски директни инвестиции. Официјалните бројки покажуваат дека во 2013 година Македонија привлекла само 251 милион евра странски инвестиции, Црна Гора 350 милиони, Босна и Херцеговина 300 милиони, додека Косово истата година има регистрирано 259 милиони евра. Сепак, не е сè така црно. Во земјата цвета бизнисот со игри на среќа. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер. „Колку сиромаштијата е поголема толку повеќе расте бројот на обложувалници и казина“, смета Димко Кокароски, поранешен заменик-министер за финансии и актуелен професор на Економскиот факултет во Прилеп....

Сиромашните општини го уназадуваат развојот во внатрешноста

Со непочитувањето на законот за рамномерен регионален развој и со земањето на парите од концесиите на природните богатства, државата економски ги истоштува општините. Ваквите состојби ги револтираат граѓаните од внатрешноста. Стојан од Кочанско е незадоволен како државата ги распределува парите. „Сè се гради во Скопје. Во останатиот дел на Македонија нема ништо. Ми се чини дека откако започнаа со изградба на Скопје 2014, ниту денар не даваат настрана од главниот град“, вели Стојан. Тој додава дека актуелната власт ниту почитува закони ниту почитува правила. Еден од тие закони е и законот за рамномерен регионален развој, но и воопшто заживувањето на општините. Малку пари и чудна нивна распределба, ова е дилемата која создава забуна и кај Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион. „Од 2009 година досега, ние како најнеразвиен регион имаме добиено 1 милион евра...

Скопје три пати побогато од другите градови

Огромен е јазот во собирањето и во потрошувачката на општинските пари во градот Скопје во однос на останатите општини во земјава. Податоците кои Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија ги доби по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажуваат дека минатата година покрај сопствените буџети (табела 1) кои изнесуваа околу 40 милиони евра, скопските општини имаа и дополнителен буџет од 97 милиони евра на градот Скопје. На секој жител од 10 скопски општини покрај општинските му следуваат и по 192 евра од парите од буџетот на градот Скопје. Општина Аеродром е најбогатата општина во земјава, на нејзините граѓани во 2014 година од општинскиот и од градскиот буџет им следуваа по 500 евра по жител. Потоа следат Центар, Кисела Вода и Бутел (табела 2). Јазот помеѓу скопските општини и општините во внатрешноста е многу голем. Овие...

Наместо за граѓаните, општините функционираат само за платите на администрацијата

Наместо власт поблиска до граѓаните, општините се повеќе стануваат институции кои функсионираат само за платите на администрацијата. Истражувањето на ЦИН СКУП Македонија покажа дека зголемувањето на бројот на вработени во локалната пред секој циклус на избори довела до ситуација повеќе општини да инкасираат даноци и остваруваат приходи само за платите на вработените. Многу малку средства им остануваат за асвалтирање улици, оддржување на паркови, за училиштата или пак за другите сфери значајни за граѓаните.   Платите ги „јадат“ парите за остварување на надлежностите   Неверојатни 71% од сопствениот буџет на Општина Долнени оди за плати на администрацијата. На платниот список во оваа мала Пелагониска општина се запишани 31 лице, од кои 27 на неопределено и 4 на определено време. За тоа како опстојува општината во вакви услови, се обидовме да стапиме во контакт со градоначалникот Боше Милошевски, но беше недостапен...

Партиски вработувања за нефункционални општини

Општина Ранковце е рекордер според бројот на вработени во Македонија. За 10 години, оваа општина го зголемила бројот на вработени за пет пати. Во 2005 година во општината имало 6 вработени, додека во 2014 нивниот број пораснал на 31 лице. Ист процес на вработување во изминативе 10 години како Ранковцеима и Општината Долнени. Но за разлика од Ранковце, оваа Пелагониска општина има 3 пати повеќе жители од Ранковце. Третото место, според растот на вработените во општинската администрација го држи општината Тетово. Таа од 2005 до 2014 година го зголемила бројот на вработени за 4,5 пати. Во Тетово половина од буџетот оди за плати на администрацијата. Според градоначалникот на Ранковце Момчило Алексовски, превработеноста го отежнува функционирањето. „Најголем товар ни е противпожарната единица. Имаме 9 пожарникари кои земаат плата од општинскиот буџет. Мора прво платите да се измират, па после за...

Оставете коментар

коментар(и)