СКУП ја освои третата награда „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство

Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“. Втората награда ја доби новинарката Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“, објавен на ТВ Телма, кој претставува филмувана верзија на серијалот ТВ-прилози за случајот со малата Тамара Димовска, девојчето кое беше болно од сколиоза, а почина чекајќи ги институциите да и’ одобрат лекување во странство. Фотогалерија Третата наградата ја делат новинарот Џелал Незири од СКУП Македонија за сторијата „Во токсичното кралство на Југохром“ и новинарите Горан Ризаов, Сашка Цветковска и Борјан Јовановски за серијалот текстови за „Аферата Телеком“, објавени на веб-страницата...

Незири: За истражувачко новинарство потребна е добра финансиска кондиција на медиумот и слобода за истражување

Пишува: Ана Анастасовска (Оригинално објавено на сајтот на Проферка на факти на 26.11.2015)   Што претставува СКУП Македонија и од каде идејата за негово формирање? Незири: СКУП, како проект, датира од 2006 година. Нејзината мисија беше промовирање и поддржување на истражувачкото новинарство во балканските земји, како и поттикнување на прекуграничната соработка на новинарите во овој регион на непријателства и на нетрпеливост помеѓу државите. Овој проект беше спроведен од данското здружение за истражувачко новинарство, додека основачите на СКУП беа координатори за Македонија. По пет години проектот престана да биде финансиран, со што новинарите во земјите на Балканот останаа без една значајна фондација за поддршка за нивната истражувачка работа. За жал, фондовите престанаа и во Македонија, во момент кога земјата бележеше огромен пад во однос на медиумските слободи. Освен ова, проектот СКУП во Македонија беше прилично успешен, при што беа поддржани...

Азербејџан затвори врвен истражувачки новинар

Истражувачката новинарка Кадија Исмаилова, која има напишано бројни стории за корупцијата во Азербејџан, во вторникот беше осудена на седум и пол години затвор од страна на азербејџанските власти. Познатата новинарка, која има работено за Радио Слободна Европа/Радио Слобода и беше истакнат истражувачки новинар за OCCRP, е осудена по обвиненијата за проневера на пари, водење нелегален бизнис, даночно затајување и злоупотреба на функцијата. Исмаилова тврди дека е осудена на затворска казна за нејзината истражувачка работа и дека обвиненијата поднесени против неа се фабрикувани, а ова мислење е поддржано од страна на граѓанските организации и организации за слобода на медиумите. Нејзиното новинарство за OCCRP, Радио Слободна Европа/Радио Слобода и други медиумски организации разоткриваше мито и несоодветни бизнис врски на оние во тесна поврзаност со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, вклучувајќи ги и членовите на неговото семејство. “Овој случај е пародија. Има повеќе...

Жаклина Хаџи Зафирова од СКУП Македонија доби признание за истражувачко новинарство

Денеска МИМ ги додели наградите од конкурсот „Никола Младенов“за најдобрите истражувачки стории во 2014 година. Добитник на првата награда е Љубиша Арсиќ за серијалот истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши“, објавени во неделникот „Фокус“. Втората награда ја доби Соња Колевска-Делевска за серијалот истражувачки текстови на тема „Силувањето малолетници во Воспитно-поправниот дом „Тетово“, објавени во дневниот весник „Вест“.   Третонаградени се новинарите Владо Апостолов, Сашка Цветковска и Нела Лазаревиќ за сторијата „Победникот на тендерот за Дрисла: ниту искуство, ниту инвестиции“, што е дел од заедничкото истражување на БИРН и ТВ Нова.   Комисијата одлучи да додели две пофалници за истакнат новинарски ангажман на Валентина Стојанчевска за сторијата „Дури 60 граѓани годишно по грешка лежат во притвор“, објавена во неделникот „Фокус“ и на Марија Митевска за сторијата „Земјиштата продадени, хотелите неизградени“ објавена на веб-страницата www.prizma.birn.eu.com   Комисијата...

Оставете коментар

коментар(и)