Имотот на ВМРО-ДПМНЕ стана тема на меѓународната јавност

Под наслов „Една од најбогатите партии во Европа владее со една од најсиромашните европски земји“ онлајн весникот „Глобал воисес“ го пренесува истражувањето на СКУП Македонија за имотот на најголемите четири политички партии во државава. Покрај преносот, „Глобал Воисес“ објавува и табела со бруто-националниот доход на земјите во кои егзистираат најбогатите партии. Оваа статија можете да ја прочитате овде.

Дебата: Истражувачко новинарство – за да се дознае вистината

Дебатата “Истражувачко новинарство – за да се дознае вистината” е дел од регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, чиј што национален партнер е МИМ. Проектот е финансиран од Европската Унија. Воведно обраќање ќе има Жаклина Хаџи-Зафирова, новинар и соосновач на Центарот за истражувачко новинарство – СКУП, а потоа новинарскиот ветеран Зоран Иванов ќе зборува за истражувачкото новинарство во редакциите. На тема „По трагата на парите-како до длабинска истражувачка сторија“ ќе зборува Горан Лефков, новинар во СКУП, за тоа како да се напише истражувачка сторија разбирлива за граѓаните ќе зборува Мери Јордановска, новинар на БИРН, а како да се анимира јавноста, ќе објасни Влатко Стојановски, новинар во неделникот „Фокус. Дебатата ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо центарот, Делегација на Европската Унија, Бул. Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје, на 19 октомври 2016 (среда), со почеток во 11:00 часот.

Над 16000 граѓани учествуваа во проектот „Македонија без отпад 2016“

Досега најуспешната акција за чистење на Македонија беше огранизирана викендов од „Ајде Македонија“ во која учествуваа над 16000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини. Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот како и справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници. Акцијата беше поддржана од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку програмата „Цивика Мобилитас“ и компаниите Осигурување Македонија и Еконелектрон. (Б.С)

Доделени трите најдобри награди за истражувачки стории за корупција

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија „Социетас Цивилис Скопје“ додели награди за трите најдобри новинарски истражувачки стории на тема корупција. Првото место го освои сторијата „Владата потроши милијарда евра за субвенции, а увозот на храна е удвоен“ на Влатко Стојановски, новинар од неделниот весник „Фокус“. Новинарот Владо Ѓорчев од порталот „Мета“ со својата сторија „Превозниците од Транспотер не сопреа, туку тераат по старо па и уште побрзо“ го освои второто место, додека третото место беше доделено на Кристина Озимец, новинарка од порталот „НоваТв“ за истражувачката сторија „Конфискација на имот“. „Храбрите и независни медиуми можат да ја осветлат темнината каде што владее корупцијата. Како граѓани се потпираме на истражувачката работа на новинарите да ги откријат проблемите. Новинарите исто така помагаат да се оформи нашето мислење за измамата и корупцијата. Тоа е драгоцена јавна служба и треба сериозно...

Партиите да потпишат кодекс за избори

,,Четирите големи партии ќе ги поканиме да потпишат кодекс за превенција за време на избори. Поточно, што се треба да сторат политичките партии во предизборниот процес и на самиот изборен ден за да нема тензии меѓу нив’’, најавија од Македонскиот центар за култура и развој на денешната прес-конференција. Со цел да се избегнат меѓуетничките и меѓупартиски конфронтации, како главен сектор на интервенција на овој проект се токму односите помеѓу етничките заедници и различните политички партии. ,,Превенцијата во општеството е исклучително важна. За жал во последните три месеци имавме неколку негативни настани, поплавите, земјотресите што се случија, па еве сега и изборите кои ни се случуваат, или овој политички земјотрес кој трае веќе две-три години во нашата земја. Сето ова покажува дека се уште како општество не сме на едно сериозно ниво созреани да превенираме, бидејќи најевтиниот лек од сите...

Во средните стручни училишта недостасува пракса

Недостатокот на практична настава е главен виновник за неквалификувани кадри за работа на пазарот на трудот. Ова беше истакнато на вчерашната конференција „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручното образование и обука и образованието на возрасните”. Конференцијата се одржа со цел да се промовира започнувањето на проектот финансиран од Европската Унија. Во програмата од проектот кој чини 1.972.500 евра и ќе трае до ноември 2017 година се предвидува зајакнување на системот за стручно образование и обука преку зајакнување на соработката со приватниот сектор како и социјалните партнери. Процесот ќе вклучи изработка на соодветни стратегии, преку измени во курикулумот на стручното образование. Реформите ќе бидат направени врз основа на процените на пазарот на труд и преку зајакнување и воспоставување на капацитети во школите. (А.Р)  

Оставете коментар

коментар(и)