Центарот за истражувачко новинарство на Србија го освои Европскиот Пулицер

ЦИН Србија, партнерска организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, вчера постигна неверојатен успех, освојувајќи ја „Јуропиан прес прајс“ за истражувачко новинарство. Наградата беше доделена на церемонија во Амстердам. Оваа награда се смета за европски пандан на познатата американска Пулицерова награда. Наградата се однесува на серија текстови за криминал, корупција и за фудбал во Србија. Истражувачките стории се изработени екипно на чело директорот Бранко Чечен. Оваа награда во минатото ја освојуваа, агенцијата Ројтерс, шпанскиот весник Ел Паис и други познати имиња на светското новинарство. Комитетот за доделување на наградата во својот коментар напиша: „Истражувачкото новинарство ја засилува демократијата во случаи кога покажува корупција на светско ниво, но во некои случаи и кога ги осветлува и им вдахнува живот на локалните заедници. Чуствуваме голема почит за екстремно тешката работа на новинарите на ЦИНС. Нивните откритија се од неверојатно големо...

Денот на свиркачите гласно одбележан во Скопје

– Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во континуитет укажува на потребата од носење на Законот за заштита на свиркачите, затоа што ние не можеме според актуелниот закон да им пружиме соодветна заштита на сите кои сакаат да соработуваат со нас во таа насока. Граѓаните сѐ поретко се решаваат да укажат на коруптивно работење и криминал, поради стравот што го имаат од последиците од таквата активност. Затоа ние треба да ги поттикнеме, да ги охрабриме, да пријавуваат такво однесување. Но проблем е и довербата во институциите, дека и покрај ризикот од укажувањето институциите ќе постапат по законите. СЈО не отстапува и нема да се откаже од истражувањето на криминалот и корупцијата како институција која е одговорна за својата задача. Не смее да се замолчи и да се затворат очите , потребно е истражување на секој криминал а граѓаните се свесни дека...

Горан Лефков е добитник на наградата за истражувачко новинарство на Здружение на новинари, од Источна Македонија

Новинарот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, Горан Лефков, е добитник на наградата за истражувачко новинарство на Здружението на новинари, од Источниот регион за 2016 година. Тој е автор на повеќе истражувања како злоупотреба на патните трошоци на пратениците, за богатството на политичките партии, проневера на пари во Министерството за земјоделство, рекетирање на фирми од Министерството за земјоделство и итн. Покрај Лефков, наградени беа доделени и уште во 14 категории, а меѓу наградените лауреати беа Д-р Жан Митрев во медицината, Николајчо Николов од стопанството, Планинарското спортско друштво Осогово од Кочани, Ротари клубот од истиот град, Соња Даниловска во образованието, Даниела Таќева од новинарството и тн. Доделувањето на наградите се одржа вопросториите на Меѓународниот славјански универзитет Гаврило Романович Державин во Свети Николе.

Скопје домаќин на Меѓународниот ден на укажувачите-24 март

СКОПЈЕ – Со оглед на потребата за зачувување на слободата на говорот и правата на медиумите во Македонија, првиот годишен Меѓународен ден на укажувачите ќе се одржи во Скопје на 24 март 2017 година. Настанот е во партнерство со Денот на слободен говор на Македонија.   На програмата на овој целодневен настан во клубот МКЦ е средба со укажувачи, говори на активисти, прес-конференција, учество на граѓани и жива музика со Crossroad Blues Band.   Учесници се Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, укажувачот Симо Груевски, Меѓународниот тим лидер Петрус Тоинес и истражувачкиот новинар Зоран Иванов, претседателката на ТИ Македонија Слаѓана Тасева, како долгогодишниот активист Џабир Дерала од Цивил. Активистката за човекови права и новинарката Арзу Гејбула ќе има воведно излагање за растечките предизвици и опасностите на истражувачкото новинарство и активизам во Европа и ширум светот.   “24 Март 2017 е пресвртница...

Единствен глас за поддршка на укажувачите

Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа, чија членка е Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија деновиве во Загреб, Хрватска ја одржа својата втора конференција. Целта на оваа организација е да ја подигне јавната свест за потребата од заштита на укажувачите. Средбата е одржана во Хрватска, единствена земја од регионот која се уште не усвоила закон за укажувачите. Македонија го усвои лани во месец ноември, а на сила е од март оваа година. Д-р Сулет Драјфус од Мелбурн, Австралија, која е извршен директор на организацијата „План за слобода на говорот“ кој пак е основач на Коалицијата рече дека Коалицијата е пример дека може да се направи разлика и да се постигне напредок. „Идејата за Коалицијата е стара две години и за ова време е навистина постигнато многу, има мошне силен импакт врз регионот“, рече Драјфус. Коалицијата е составена...

Дебата: „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“

Граѓаните треба да се охрабруваат и да соработуваат со новинарите за проблемите во општеството е една од поентите кои беа изнесени на денешната дебата „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“, која ја организираа Македонскиот институт за медиуми и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија во соработка со он-лајн магазинот „Инбокс7“. На дебатата зборуваа повеќе истражувачки новинари и експерти од оваа област. Зоран Иванов,долгогодишен уредник и доајен во македонското новинарство направи споредба со условите во кои во 80-тите и 90-тите работеле новинарите и сега. Горан Лефков, новинар на СКУП-Македонија зборуваше за тоа како да се следи трагата на парите во изработката на истражувачката сторија, додека неговиот колега Влатко Стојановски од „Фокус“ зборуваше за анимирање на граѓаните во процесот на изработка на истражувачките стории. Мери Јордановска од БИРН-Македонија ја презентираше нејзината работа на истражувањето за „Скопје 2014“ и како сторијата полесно да...

Оставете коментар

коментар(и)