Статии напишани од Администратор:
-
БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ СО ПАРИ
Автор: Љубица Иванова Изминативе неколку денови, најчестите коменари меѓу највозрасните граѓани се однесуваат на во еден ден потрошените термини, а всушност потрошените бесплатни вакцини што ги најави Министерството за здравство како превентива од традиционалните вируси од грипозни заболувања во овој период од годината. Во Центарот за јавно здравје во Скопје наидовме на полупразни ходници. Термини нема, а нема ни гужви. Каде толку бргу, за ден, два се потрошија најавените... -
Интервју Филип Темелковски: Десетици години наназад не е истражено каде се и зошто фалат шините и цевките во Охис
Со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, разговаравме за актуелните случувања во Охис. Разговарала: Љубица Иванова Градоначалникот открива дека во текот на денот повеќе од луѓето кои го побарале имале намера да заминат, да се исселат, иако според информациите кои нему му биле пренесени од надлежни, немаше простор за паника, бидејќи како што тој вели според основните информации и врз основа на тоа што е истурено (метил акрилат), проценети... -
Невладините бараат итен избор во државните институции
Десет мрежи на невладини организации, денеска, на прес конференција повикаа на итен избор и именување на кадри во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, Советот... -
Една третина од градоначалниците се газди или шефови на здруженија
Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Како и пратениците, за кои претходно пишуваше СКУП, така и градоначалниците се јавуваат како сопственици и овластени лица во разни друштва, здруженија и спортски клубови. Ако имињата на пратениците ги сретнавме во сопствеништва на здравствени установи, здруженија на граѓани, друштва за градежништво и инженеринг и слично, градоначалниците најмногу доминираат во друштвата за производство, трговија и услуги, но, не изоставуваат и спортските клубови. Градоначалници... -
КАЗНА ЗА „ЕКОЦЕНТАР 97“, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КАКВА
Автор: Љубица Иванова Директорот на Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС), Фејзула Спахија, во телефонски разговор за СКУП ни откри дека следува казна за фирмата „Екоцентар 97“. „Санкции за Екоцентар 97 ќе има“, изјави тој. Најавената казна е заради хаваријата која се случи во почетокот на месецот фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Имено, при миење на резервоар, во кој имало остатоци... -
ПЕП ИСТРАЖУВАЊЕ: КОЛКУ БОГАТИ НИ СЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ?
Градоначалниците со плати од 1.000 евра успеваат да ги подмират кредитите, да подигнат нови, но и да купат автомобили и земјишта Исмаил Јахоски пријавил сума од 69 илјади евра стекната „на друг начин“, а првиот човек на Скопје, Шилегов ланската година во мај пријавил куќа и земјиште Теута Арифи во 2018-та пријавила девизен орочен штеден влог во висина од 15 илјади евра, за кој изјавила дека го стекнала со... -
Потпишан меморандум за соработка меѓу СКУП и ДКСК
Денеска во просториите на Државната комисија за спречувања и корупција беше потпишан меморандум помеѓу Државната комисија за спречување корупцијата и Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија. Меморандумот за соработка е потпишан со цел спроведување на активности заради воспоставување на активна соработка, размена на информации и креирање на заеднички и индивидуални активности и проекти, а во врска со транспарентноста и отчетноста на институциите како и носителите на јавни функции во државата. Во името на... -
ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“ финансиран од Европската Унија
Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар, во рамките на заедничкиот проект „Заедно во борба против корупција“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова...