Петте бирократи кои земаат поголема плата од Премиерот

Членовите на Советот за јавни набавки (Ивица Костојчиноски, Златко Арсов, Зоран Трајановски, Суад Зејнуловиќ и Борче Христов) имаат повисоки плати дури од претседателот, шефот на парламентот и премиерот на Република Македонија. Ова се податоците до кои дојде Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Најниската исплатена плата во ова тело е исплатена на Ивица Костојчиноски во септември 2014 година...

Одборниците се луксузираат, претпријатијата немаат за плати и за нова механицазија

Зима 2015. Сликата во Македонија беше идилична. Земјата завеана, патиштата непроодни, а многу населби отсечени. Јавното претпријатие Македонија пат нема пари да ја обнови механизацијата, но затоа има за да дели пари на прекубројниот управен одбор. Имено, во контролното тело на оваа јавно претпријатие седат 13 члена што е незаконски. Членови на Управен одбор на Македонија пат. <a href=’#’><img alt=’Sheet 1 ‘ src=’https:&#47;&#47;public.tableau.com&#47;static&#47;images&#47;_3&#47;_3757&#47;Sheet1&#47;1_rss.png’ style=’border: none’ /></a>   Користејќи го...

Одборници и функционери: и плата и хонорар

ДОКУМЕНТАЦИЈА Небојша Стајковиќ, од април годинава е поставен за неизвршен член на Одборот на директори на „Македонски Телеком“ АД-Скопје, откако претходно уште од 2009 година ја извршувал истата функција во „Т-мобиле“ Македонија АД Скопје. Во изминативе 9 години тој во исто време работи и како помошник министер во Министерството за внатрешни работи (МВР) надлежен за информатика и телекомуникации. Навидум, ништо спорно, освен фактот што Стајковиќ работи во министерството, кое,...

Азербејџан затвори врвен истражувачки новинар

Истражувачката новинарка Кадија Исмаилова, која има напишано бројни стории за корупцијата во Азербејџан, во вторникот беше осудена на седум и пол години затвор од страна на азербејџанските власти. Познатата новинарка, која има работено за Радио Слободна Европа/Радио Слобода и беше истакнат истражувачки новинар за OCCRP, е осудена по обвиненијата за проневера на пари, водење нелегален бизнис, даночно затајување и злоупотреба на функцијата. Исмаилова тврди дека е осудена на затворска...

ПРОБЛЕМАТИЧНИТЕ ИГРАЧИ ВО КАЗИНО-БИЗНИСОТ

Проблематични се сопствениците на казината во Македонија. Со внесени стотици милиони евра на македонската граница со Грција, казината потсетуваат на коцкарските меки, како Макао, Естонија или Лас Вегас. Но, што кријат првите луѓе од коцкарската индустрија? Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија истражуваше за судирите со законот на сопствениците на храмовите на коцката во Македонија, казината Фламинго и Принцес, како продолжение на истражувањето, кој е кој во овој бизнис....

Шверцерите со бегалци заработија милијарда евра

Балканската рута на шверц повторно има „роба“ за шверцување. Овој пат тоа се луѓето од Сирија. За ветената Германија, сириските бегалци, само од почетокот на годината, на турските шверцери им имаат платено од половина до една милијарда евра. Ахмед Келани, учител од Сирија за трансферот на неговото семејство преку Турција платил по 700 долари по човек. „Платив 5.600 евра за моето семејство од 6 членови, од кои и две...

Лојане повеќе не е мека на шверцерите со луѓе

Во Куманово состојбата беше порелаксирана. Застанавме прво на железничката станица. Вработен во Македонски Железници, по име Виктор не информираше до каде е возот и дека за половина час ќе биде во Куманово, а за околу 40 минути на граничниот премин Табановце. Се упативме за Табановце со автомобил. Додека ја поминавме задолжителната процедура за проверка на документите и дозволата за снимање, возот веќе беше на граничната територија. Во Табановце хуманитарците...

По патот на мигрантите: Германија виа Гевгелија

Гевгелија, oвој јужен Македонски град, изминативе неколку години беше синоним за коцкање. Но, рајот за коцкарите се претвори во пекол за стотици илјади бегалци и за македонските полицајци. Рано утро, 4 часот. На железничката станица во Гевгелија врие како во кошница. Мигрантите и бегалците кои преку Македонија, сакаат да стигнат до нивното Ел Дорадо, Германија, чекаат превоз за ветената земја. Меѓусебните нервози и кавги за момент престануваат кога се...