Заев самиот е бомба

Полека но сигурно со создава критична маса за радикални промени. Власта едвај стои на стаклени нозе. И кај институциите наскоро ќе мора да се чувствува поинаков амбиент. Се повеќе ќе се спротиставуваат на довчерашните неприкоснови патрони. Нормално е секој да се престројува. Дури и во самата владеачка партија состојбата е хаотична. Веќе нема човек кој ќе сака да се појави пред камерите. Лажна надеж сеуште влеваат новинари од гебелсистички...

Оставка, што беше тоа?

Трагичниот крај на деветгодишното девојче од Велес, чие барање за операција се заглави во бирократски лавиринти, наиде на лавина реакции од граѓаните – протести, остри критики од експертската јавност и разни здруженија, па логично произлегоа барања за оставки во Министерството за здравство и во Фондот за здравствено осигурување. Сепак, досегашните искуства покажуваат дека Македонија има „срамежлив“ тренд за повлекување од функција како морален чин. На прстите од едната рака...

Во токсичкото кралство на Југохром

    Кога во 2005-та година се донесе новиот Закон за животна средина, се веруваше дека во Македонија конечно ќе се почне со решавање на енормното загадување. Земјата, која се соочува со лоши економски показатели и голема невработеност и после 10 години се соочува со истиот проблем. Во текот на ова декада владата поставуваше неколку рокови за поставување на еколошки филтри за најголемите загадувачи, но само еден мал дел...

Велешкиот воздух и почвите трајно „богати“ со метали

автор: Бојан Шашевски Воздухот, почвата и зеленчукот во Велес се комплетно контаминирани со токсични метали! Последните истражувања на тимот на реномираниот професор Трајче Стафилов од Институтот по хемија покажуваат поразувачки резултати — луѓето околу згаснатата Топилница за олово и цинк и незаштитената депонија за трошка дишат воздух што е и над 10 пати над дозволеното, а јадат зеленчуци со присуство на тешки метали. Резултатите го потврдуваат децениското труење на...

ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ

Дубаи е дестинација, која македонските граѓани можат да ја посетат за само 140 евра и тоа со авионски превоз. Пратениците од Гевгелија, Охрид и Струга, за едно патување до Скопје наплаќаат од собранискиот буџет од 6.000 до 8.000 денари. Дубаи од Скопје е оддалечен околу 5.000 километри, а од Гевгелија до Скопје е 30 пати помалку, односно 170 километри. Тоа не им смета на нашите пратеници од внатрешноста да наплатат за оваа дестинација речиси исто колку што би потрошиле македонските граѓани за авионскиот лет...

Сведоштва на армиски Скорпиони: „Лепеза“ е голема измама – не добив ни лиценца, ни работа!

автор: Стојанка Митреска          Зоран Карадаковски, поранешeн армиски скорпион, тврди дека бил изигран во Лепеза“, програма на македонското Министерството за одбрана, поддржана од Кралството Норвешка, и дека не ја добил заслужената лиценца за обезбедување, иако посетувал предавања во касарната во Штип, во која е сместен еден од трите центри на македонско – норвешкиот проект за преквалификација на воениот кадар.   Карадаковски пред завршувањето на војничката кариера во АРМ, вели...

Се празни Македонија, се бега од сиромаштијата

автор: Арта Тахири   Луѓето се иселуваат, бидејќи бараат решенија. Одат онаму каде што можат да најдат работа и да обезбедат подостоинствен живот за себе и за своето семејство, велат експертите во Скопје. Жителите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија, мигрираат кон земјите од Европската унија (ЕУ). Овој феномен ја зафати не само Македонија, туку и Косово. Во последниве денови најчестите телевизиски глетки во Косово...

Градејќи го Скопје, ја запустеа источна Македонија

Уништени претпријатија, ниски плати, лоши сообраќајни поврзувања, сиромаштија, иселување на младите. Ова е сликата за источна Македонија низ призма на економските параметри и стандардот на населението. Квалитетот на животот е опаднат до самото дно. На истокот не се случуваат културни настани, нема спортски клубови кои ќе ги привлечат младите. Причина за ваквата состојба е ужасната економска состојба, вели економскиот аналитичар од Кочани м-р Горан Стојановски.   „На економијата во...