Укажувачите мета на властите- наместо херои на системот
Состојбата со укажувањето е катастрофална. Северна Македонија од лидер во Европа се претвори во последна дупка на свиралото. Укажувачите се незаштитени, укажувањето како инструмент е неискористено. Укажувачите се бркаат од работа и ја тужат државата Пишува: Горан Лефков Република Македонија го донесе законот за заштита на укажувачите во 2015 година, а беше објавен на 10 ноември истата година во Службен весник. Тоа беше едно од првите законодавства за укажувачи...