Случај Јовчевски: наместо заштита, добил отказ

Случајот на Јован Јовчевски е многу интересен и уникатен за историјата на македонското укажување. Примил информација од укажувач, ја процесуирал и наместо да го заштити државата, тој останува без работа и на улица. Пишува: Горан Лефков Државата не ги сака укажувачите. Ова е кратката реченица со која го започнавме разговорот со Јован Јовчевски, несуден укажувач, иако неговиот случај е единствен во Северна Македонија. Единствен можеби и во Европа бидејќи...

СЕКОЕ ПРЕМОЛЧУВАЊЕ Е СОУЧЕСТВО

Одредени институции кои се задолжени да ги заштитат укажувачите, не можат да се заштитат себе, а камо ли укажувачите. Најголема несреќа за едно општество е чуството дека е залудно да се биде чесен. За жал ние сме близу до таа состојба. Не може незаконието да биде снаодливост, а чесноста смотаност. Горан Лефков Ѓорѓи Лазаревски е еден од најголемите укажувачи на Балканот, а можеби и во Европа. Неговото херојско дело...

Донациите пресудни за опстанокот на националните паркови

  автор: Весна Колоска и екипа на СКУП Македонија   Цели 10 години трае патешествието на Шар Планина до нејзиното прогласување за четврти национален парк во земјава. Настан, кој со изгласувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк наиде на серија позитивни реакции кај екологистите во државава, но и пошироко. Уште повеќе поради фактот што целиот процес беше воден со поддршка од Програмата на...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите кои егзистираат само од довербата  и популарноста на својата публика, а тие што работат така се во секојдневен грч за преживување. Карактеристично во последните 15 години е продорот на српски, албански, турски и унгарски медиуми. Во последно време има тенденција за влез и на медиуми од Бугарија. Истражувањето на СКУП покажа дека поголемиот дел од медиумите се во сопственост на државјани...

Горан Лефков е новиот претседател на СКУП

Искусниот истражувачки новинар, Горан Лефков, е новиот претседател на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Оваа одлука беше едногласно донесена во рамки на редовното изборно собрание на организацијата, каде меѓу другото се направија промени и во останатите раководни структури. Лефков е трет претседател на СКУП, организација која од основањето во две последователни мандати беше водена од Џелал Незири, додека во последните четири години на чело беше Зоран Иванов.  Нови...

Штетни надворешни влијанија се присутни и во медиумите во Северна Македонија

Пишува: Џелал Незири Руското присуство во медиумскиот простор во Северна Македонија се зголеми со почетокот на агресијата врз Украина во февруари 2022 година. Паралелно со воените дејствија на терен, страните започнаа и медиумска војна за креирање на светското мислење во прилог на нивните агенди. Како одговор кон оваа засилена пропаганда, државните руски медиуми РТ и „Спутник“ со одлука на Владата на РСМ беа забранети да се емитуваат од кабелските оператори во...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Пишува: Горан Лефков Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината. Тоа е рецептот со кој режимот на Путин го „бомбардира“ демократскиот свет. Со започнувањето на војната во Украина, Европската Унија ги забрани руските канали од каде се ширеше руската пропаганда, како „Раша Тудеј“, „Спутник“ и останатите телевизии и медиуми. Тогаш започна да се зголемува руската пропаганда преку средствата за комуникација на социјалните мрежи. Главниот...

Драстично намалена трската во Охридското езеро

Пишува: Горан Лефков Трската е растението што го одржува живиот свет на Охридското езеро. Без нејзе тоа ќе биде обична акумулација. За жал односот кон трската е уништувачки. Постојано се намалуваат површините под трска, се сече, се фрла градежен шут, ѓубре и што ли уште не. Проф. Здравко Крстаноски, поранешен директор на Хидробиолошки Завод Охрид, смета дека состојбата е повеќе од лоша. „Состојбата со трската е катастрофална. Во Струшкиот...