Категорија: Препорачано

Советот на Јавни обвинители тежи 2,4 милиони евра: Колева најбогата, Исаку надвор од „радарот“ на ДКСК

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на членовите на Советот  на Јавни обвинители на Република Северна Македонија. Кој е најбогат, а кој најсиромашен член Советот  на Јавни обвинители. Каков друг имот пријавиле членовите на Советот беше тема на нашето денешно истражување. Изработил: Тим на СКУП Македонија Најмлада и најбогата во Советот на Јавни обвинители – Обвинителката Јелена...

СКУП ИНТЕРВЈУ, ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ: ДОПРВА ЌЕ СЛЕДИ НОВА „ЕПИДЕМИЈА“

Нашата популација е една  од најнездравите во Европа. Речиси секој втор наш граѓанин над осумнаесет гидини има некаков хроничен здравствен проблем. 45% од мажите над 18 години пушат и 37% од жените. Нд 60%, значи повеќе од секој втор граѓанин над 18 години има прекумерна телесна тежина. Потребен комплетен ресет на општествениот систем, а поради ограничувањето на здравсвениот систем и неговото насочување првенствено кон лекување ковид пациенти, допрва ќе...

„КРСТОПАТОТ НА ДРОГАТА“ НОСИ МИЛИОНСКИ ПРОФИТ

Покрај марихуаната, најкористена дрога е и хероинот. Се проценува дека реалната бројка на корисници на дроги е околу 30 илјади. Ако на еден зависник дневно му е потребно отприлика дневно еден грам, тоа се некои 30 килограми дрога користена на дневна основа. Еден грам во РС Македонија на црно чини околу 20 евра, што значи црниот пазар на дрога дневно има обрт од околу 600 илјади евра. Во моментот...

КОЛКУ СЕ БОГАТИ МИНИСТРИТЕ?

Мила Царовска, Министерка за образование и наука, е на првото место на листата на министри со најмногу пријавен имот, покажува анализата на СКУП во рамките на проектот ПЕП. Најмалку имот, пак, има пријавено Лубчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

ПАРИ ИЛИ ЖИВОТ

Од почетокот на оваа година регистрирани се 5.649 бришења на фирми, но се уште не се знае колку од нив се затворени како последица на корона вирусот. „Пари“, ќе рече либералната филозофија. „Живот“ ќе рече егзистенцијалната филозофија. Можеби вака некако, на овие два спротивставени постулати се „кршат копјата“ на сите влади во сите држави во светот за тоа на што да му даде предност. На животот или на економијата....

Оставка, што беше тоа?

Трагичниот крај на деветгодишното девојче од Велес, чие барање за операција се заглави во бирократски лавиринти, наиде на лавина реакции од граѓаните – протести, остри критики од експертската јавност и разни здруженија, па логично произлегоа барања за оставки во Министерството за здравство и во Фондот за здравствено осигурување. Сепак, досегашните искуства покажуваат дека Македонија има „срамежлив“ тренд за повлекување од функција како морален чин. На прстите од едната рака...